Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор – СОЊА БИБАНОВСКА, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ АД СКОПЈЕ
➢ Актуелно (21.07.2020)
👁 Прочитано: 1549



Запознајте ги членовите на нашиот Управен Одбор – СОЊА БИБАНОВСКА, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ АД СКОПЈЕ

„Македонијатурист“ АД е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги, сопственик на 7 хотели (Holiday Inn Skopje, Best Western Хотел Турист, Хотел Карпош, Хотел Bellevue, Хотел Водно, Хотел Бристол и Хотел Јадран).

 

Во својата повеќе од 55-годишна историја на постoење, „Македонијатурист“ АД даде огромен придонес во трансформирање и модернизирање на локалниот пазар во доменот на хотелските и ресторански услуги. Темелејќи се на своите визионерски бизнис дејствувања, постојана растечка стратегија, континуирани инвестирања и успешни односи со клиентите, „Македонијатурист“ А.Д. стана синоним за просперитетна и професионална компанија, достојна за доверба.  Компанијата има долгогодишно искуство во доменот на туризмот и угостителството како сопственик на хотели, дел од светските ланци Holiday Inn и Best Western, што е гаранција за беспрекорен квалитет и услуга, како и тим на искусни, професионални лица секогаш ориентирани кон клиентот.

Соња Бибановска е генерален менаџер на хотелот Holiday Inn Skopje и член на Управниот одбор на „Македонијатурист“ АД Скопје повеќе од две децении.

Соња Бибановска до 2020 година беше претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за мандатниот период 2020-2025.

 

 

Служба за информирање при Комората