17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

17.10.2018 (Семинар)
ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

18.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународна конференција за текстил и деловни средби

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.06.2018


Актуелно  

ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ АГРЕГАТЕН ВЕБ ПОРТАЛ www.biznisregulativa.mk


На 13 јуни 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Модератор на настанот беше Љупчо Димовски, директор на „Епицентар интернационал“–Скопје, којшто што им посака добредојде на присутните и ја истакна важноста на веб порталот. - Ова е првиот веб портал во земјата каде што претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на компаниите брз пристап до информации- додаде Димовски.

Тој истакна дека овој веб портал кој за прв пат се прави во Македонија е од големо значење за компаниите бидејќи ќе имаат можност за брз пристап до информации кои ќе им помогнат подобро да ја разберат и да се усогласат со сложената регулаторна рамка која досега многупати довела до забуни и доцнења во усогласувањето со законските регулативи во земјата. Сите информации достапни на веб порталот се подготвени врз основа на потребите и барањата на бизнис заедницата доставени и усогласени од страна на четирите стопански комори, партнери во проектот.

На настанот свое обраќање имаше и Едвард Гонзалес, директор на канцеларијата за општ развој на УСАИД Македонија, кој додаде дека УСАИД во Македонија веќе 25 години посветено работи во делот на економскиот развој, а   по речиси 2 години со отпочнувањето на овој проект е задоволен со неговата имплементација бидејќи за прв пат во Македонија се отпочнува една мошне долго очекувана проектна иницијатива, за подобрување на бизнис климата кај домашните микро, мали и средни претпријатија кои треба да се поддржат, преку подобрување на нивните капацитети со цел подобро усогласување со постојните прописи, како и поефикасно да ги изразат своите мислења во процесот на креирање политики во Македонија.

Приватниот сектор игра важна улога во македонската економија и општество и создавањето на работни места, услуги и производи за јавноста-истакна Гонзалес.
- УСАИД посветено ги поддржува иницијативите за создавање на средина која ќе ви помогне да бидете конкурентни со вашите регионални и ЕУ партнери и Ви овозможува да растете и да соработувате со нови пазари, и во исто време, да ги исполнувате сите ваши регулаторни обврски за заштита на животната средина и јавниот интерес во Македонија- посочи Гонзалес.

-  Партнерството меѓу четирите стопански комори се потпира на единствен приод кон многу прашања со кои најчесто се соочуваат засегнатите страни во деловната заедница и поради оваа причина, ние во УСАИД сме горди што можеме да бидеме иницијатор на заедничка соработка на коморите коишто градат посилни врски меѓу јавниот и приватниот сектор и прават значајни чекори за да напредуваат по прашањата на правните регулативи во Македонија-заврши Гонзалес.

Во вториот дел од сесијата, беше презентиран и  агрегатниот веб портал biznisregulativa.mk од страна на Стефан Додевски, вработен во Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ кој одговараше на  поставените прашања од присутните.

Во продолжение на настанот посебен осврт беше даден на позициските документи изработени од страна на Проектот. Павлина Димовска, правен советник на Проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива”, во својата кратка презентација го истакна начинот на  подготвување на позициските документи, кој се темели врз иденитифкуваните проблеми со коишто се соочуваат претпријатијата во Македонија, а истите беа посочени на реализираните информативни настани и форуми организирани од проектот.

Oд 2017 година формирана е работна група од членови на коморите во рамките на Проектот на Усаид, со цел утврдување, разработка, доставување и следење на реализација на предлозите на бизнис заедницата за подобрување на законската регулатива. Утврдените предлози се заеднички став на сите партнери и го претставуваат гласот на бизнис заедницата, а истите се спроведуваат на систематизиран начин преку разработка на т.н. policy position paper. Разработените позициски документи се доставуваат до надлежните институциии со цел да се влијае на промените на регулативата за прашања кои директно влијаат врз бизнис условите во државата.
  
Во периодот од 2017 заклучно со јуни 2018 година идентификувани се вкупно 150 проблеми на бизнис заедницата поврзани со законската регулатива. Од нив разработени се вкупно 35 во форма на позициски документи и истите се доставени до надлежните институции во следните области: даночна политика, царинско работење, работни односи, градежништво, земјоделство, туризам, животна средина, управување со отпад и јавни набавки.

Дополнително, партнерите во рамки на проектот спроведуваат и стручни анализи за утврдување на ставот на бизнис заедницата, во однос на определени прашања. Во моментот се спроведува истражување за утврдувањето на ставот на бизнис заедницата во однос на даночната политика.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог меѓу сите засегнати страни.

На настанот присуствуваа околу 50 претставници на бизнис заедницата од Република Македонија, кои претходно беа информирани со информативни настани и форуми од проектот и инволвирани во работните групи.

www.biznisregulativa.mk е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија,  Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија. Идејата започна од потребата иновативноста да се спои со функционални решенија кои ќе им бидат лесно достапни на претпријатијата во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија.

м-р Ивана Крстевска
м-р Сања Николова


 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права