MOZZART ДОНИРА 50.000 ЕВРА ЗА БОЛНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

   

➤ ОД КОМПАНИИТЕ (31.03.2020)
👁 Прочитано: 236


MOZZART ДОНИРА 50.000 ЕВРА ЗА БОЛНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Компанијата Mozzart подготви донација за болниците во Македонија во износ од 50.000 евра, односно нешто повеќе од 3 милиони денари. Првата реализирана донација од 15.000 евра е наменета за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Во следниот период ќе се донираат уште 35.000 евра наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Mozzart уште еднаш покажа дека е општествено одговорна компанија, а ова не е прв пат да донира помош во болниците во Македонија.