НЕПРЕЧЕНО СЕ ОДВИВА ТОВАРНИОТ ТРАНСПОРТ ОД СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ЗА СКОПЈЕ

   

➤ АКТУЕЛНО (31.03.2020)
👁 Прочитано: 469


НЕПРЕЧЕНО СЕ ОДВИВА ТОВАРНИОТ ТРАНСПОРТ ОД СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ЗА СКОПЈЕ

Коронавирусот и затворените граници не влијаат врз товарниот транспорт и снабдувањето на нашата земја со карго пратки од пристаништето во Солун, а во петокот кон Скопје тргнал товарен воз со 30 контејнери наменети за индустриите кај нас, јави дописничката на МИА од Атина.
Од солунското пристаниште соопштуваат дека и покрај исклучително тешката ситуација, „останувајќи посветени на заложбата за обезбедување квалитетни услуги и непречено функционирање на трговскиот сообраќај на пристаништето“, продолжуваат посветено да ги услужуваат нивните клиенти.
 
-Во петокот на 27 март 2020 година од пристаништето во Солун со крајна дестинација Скопје, тргна товарен воз со 30 контејнери наменети за индустрии во соседната земја. Ова претставува важна разврска во одржувањето на континуитетот на работата на услугите на синџирот на снабдувањето за оние кои го користат пристаништето во Солун, а кое игра водечка улога како порта на Балканот, соопштуваат од солунското пристаниште.

Превземено од: МИА.МК