ПОТРЕБНА Е МАКСИМАЛНА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ДОМАШНИТЕ РЕСУРСИ

   

👁 Прочитано: 2967


ПОТРЕБНА Е МАКСИМАЛНА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ДОМАШНИТЕ РЕСУРСИ

Влатко Ѓорѓиевски, Здружение на земјоделство и прехранбената индустрија (Мик Свети Николе)

- Економијата е падната. Во вакви услови неопходни ни се финансиски средства. Потребно е да ги задржиме вработените и по цена на задолжување за да може примарното производство да продолжи со работење.
Треба да се искористи капацитетот на земјоделството и целосно да биде ставен во функција, за да имаме доволно храна да се прехраниме па и да помогнеме на земјите во околината. Сега не е време да мислиме како ќе го полниме буџетот туку како правилно да се искористат средствата да се помогне на секоја алка во економијата. Со доволно суровини ќе бидеме во можност да го покриеме не само домашниот пазар туку и регионот, но потребна е максимална искористеност на  капацитетите и домашните ресурси.