24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

14.05.2018


Актуелно  

МЕЃУНАРОДЕН МЕТАЛУРШКИ КОНГРЕС: „МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“ - НАУЧНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ НА МЕТАЛНИОТ СЕКТОР


Kористењето на научни истражувања во функција на унапредување на индустријата на основни метали e основното мото на претстојниот Меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина – ММЕ кој по осми пат се одржува во Охрид, во периодот од 30 мај до 3 јуни 2018 година. За целите и очекувањата од оваа значајна научна меѓународна манифестација говореше претседателот на организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски, претседател на Здружението на металурзите на Македонија. Организатор, покрај Здружението на металурзи на Македонија е и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а истиот е поддржан и од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.

-И годинава, истакна проф. Цветковски, се очекува учество на  еминентни автори од универзитети, истражувачки центри од голем број држави, од Австрија, Шведска, Украина, Белорусија, Турција, од земјите во регионот, како Србија, Бугарија, БиХ, Романија и други држави. Пријавени се 60 апстракти и над 30 презентации на научни трудови на голем број теми како што се: Физичка и механичка металургија, Екстрактивна металургија, Леење на метали, Корозија и заштита на метали, Заварување, Нови и напредни материјали, Заштита на животната средина и други.

Оваа година се очекува учество на  значителен број претставници на компании од индустријата на метали, од Италија, Словенија, Бугарија и Турција, кои ќе имаат можност преку сопствени штандови за промоција да ги презентираат своите производи наменети на металуршкиот сектор.

За време на Конгресот се планира одржување тркалезна маса на која ќе се говори за потребата од интензивирање на соработката помеѓу факултетите и индустријата на планот на подготовка на квалитетни кадри за потребите на индустријата на метали.

На средбата со новинарите беше дадена и информација за актуелните состојби во металургијата. Иако на глобален план од крајот на минатата година започна тренд на заживување на активностите, податоците за физичкиот обем на производството кај нас бележи пад од 18% во првите три месеци од оваа година. Ова се должи на неработењето на двата најголеми металуршки капацитета – „Југохром алзар“ и „Фени индустри“. Со рестартирањето на металуршкиот комбинат „Фени индустри“ се очекува ублажување на ваквите состојби.

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права