28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

23.03.2015


Актуелно  

Oдржана Трговската конвенција: „Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?“ - СО ПРЕТПРИЕМНИЧКА ИНИЦИЈАТИВА, ХРАБРОСТ И ПАРТНЕРИ ОД ТУРЦИЈА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА РАСТЕЧКИОТ АФРИКАНСКИ ПАЗАР


Стопанската комора на Македонија и ДЕИК - Македонско-турскиот деловен совет го отпочнаа партнерскиот проект и ја одржаа Трговската конвенција  на тема: „Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?“ (23.3.2015 година). Пред претставниците на  бизнис-заедницата и бројните присутни во Стопанската комора на Македонија беше промовирана  Африка како деловен партнер на Република Македонија.

- На Република Македонија и` е потребна стратегија за соработка со Африка од повеќе причини. Македонија беше присутна во Африка пред две ипол децении, со  градежни активности и здравствени ангажмани во Либија, учество во електрификацијата на Нигерија, а имаше и развиена трговија со други африкански земји. Потребни ни се политички сојузници и поддршка во Обединетите нации.  Африка е наш потенцијален економски партнер, не само во областа на трговијата, туку и во областа на градежништвото, образованието, во здравството и сл. Соработката со медитеранските земји од Северна Африка (Египет, Тунис, Алжир, Мароко, а во перспектива и со Либија, кога ќе се создадат услови), треба да се разбере како дел од ЕУ-интегративниот процес, бидејќи политичката одлука на ЕУ, земјите од Западен Балкан да се приклучат кон евромедитеранската зона на слободна трговија преку Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила за потекло е потврдена од наша страна со ратификација на овој документ во 2012 година, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанската комора на Македонија.
       


Според неа, борбата или интересот за африканските пазари е глобална и постојана. Во 2014 година, свои стратегии за соработка со Африка донесоа ЕУ, САД, Кина и Турција, со кои се промовираат заедничките партнерства, взаемните бенефити, пред се` преку трговијата, инвестиции во производството и во инфраструктурата, во развивањето локални бизниси и давањето поддшка на инклузивноста на државите во меѓународните системи на трговија како гарант за одржлив развој. Тоа е бидејќи Африка е симбол на раст, урбанизација и модернизација. Веќе една деценија просечната годишна стапка на економскиот раст изнесува 5 проценти, а 6 од 10 најбргу растечки економии во светот се во Африка. Се очекува овој тренд да продолжи. Трговијата на Африка со светот од 2000 до 2013 година е зголемена за 200 проценти. Овој раст се должи на економските реформи, на зголемувањето на продуктивноста, урбанизацијата и доброто владеење. Континентот од ден на ден бележи раст на средната класа која брои 37% од 1,07 милијарди вкупно население или потрошувачи. 
      


Од друга страна, како што нагласи м-р Георгиева, нашата трговска размена со Африка е инцидентна и релативно мала. Во 2013 година се тргуваше со 36 африкански земји, во износ од 36 мил. САД $.  Eдинствено со Алжир, Мароко, Тунис, Египет и Јужна Африка имавме размена во вредност поголема од 1 милион САД $. Состојбата е иста и во 2014 година, но обемот на размената се искачи на 75 мил. САД $ - од Јужна Африка се увезени платина и легури од платина во вредност од 38 милиони САД $. Нашиот извоз во Африка изнесуваше не цели 4 милиони САД $, а тоа се десетина производи главно од машинскиот и електро-секторот.

- Турскиот бизнис има воспоставено инфраструктура и деловни врски и има долгогодишни искуства од настапот на пазарот на Африка. Подготвени сме да  им помогнеме на македонските заедно со турските компании да пласираат свои стоки на овој брзорастечки пазар, - истакна Хасан Хошбен, копретседател на Турско-македонскиот деловен совет. - Ова е само почеток на соработката, а следниот чекор ќе биде организирање деловна средба за македонските компшании во Турција со претставници на турски компании кои веќе подолго време настапуваат  на овој пазар.
     


Каква е деловната и политичката инфраструктура што ја има воспоставено Турција со континентот кој има 52 држави и 1 милијарда жители, презентираше Тамер Ташкин, претседател на Турско-африканскиот деловен совет при ДЕИК.

- И покрај тоа што Турција речиси 80 отсто од својата размена ја има со Европската унија, сепак, не ја запоставуваме и Африка. Ако во 2003 година имавме извоз од 4,3 милијарди САд долари, со поагресивен настап на овој континент ја достигнавме бројката од 25 милијарди САД долари. Тогаш имавме само 10 амбасади, а сега се 40, додека африканските земји во Анкара имаат 30 амбасади. „Туркиш ерлајнс“ има воспоставено врски со 40 дестинации во Африка  и патувањата се многу олеснети. Сето тоа им стои на располагање на македонските компании, кои, доколку се обратат, ќе добијат сесрдна помош од турските деловни луѓе. Битно е Африка да не се гледа само како континент на болести и сиромаштија, туку и како бизнис-дестинација на која може да се пласираат производи и да се остварат претприемнички зафати. Нашиот  подем се темели на формулата: европски квалитет со африкански цени и тој дава резултати, - нагласи Тамер Ташкин.



Еден од приоритетите на Стопанската комора на Македонија-Турција   МАТТО е и заеднички настап со локалните компании, на трети пазари, вклучувајќи ја и Африка. 

- Економското искуство на Турција е дека профитот е поголем во соработка со пазари во развој отколку со веќе дефинирани и високо развиени пазари. Точно е дека   овие пазари носат и извесни ризици, но затоа носат и бенефити, истакна Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, истакна дека на африканскиот пазар треба да се оди поконцентрирано и да се одвојат земјите во кои има најмали бирократски пречки, како и секторски. Во тоа посебна помош може да пружат турските компании, кои македонските производи може да ги понудат и на овој континент.

Од трговската конвенција во Стопанската комора на Македонија произлегоа и низа предлози за поддршка и унапредување на стопанската соработка со Африка, со фокусот на Алжир, Мароко, Тунис и Египет. Сугестија е Владата на Република Македонија да подготви стратегија за настап на пазарот на Африка, но и да се интензивира потпишување договори за слободна трговија. Немањето на вакви договори, според Љупчо Величковски, од МЗТ „Комерц“ ги принудува компаниите да одат преку трети земји со што се зголемуваат цените и се намалува конкурентноста.



Меѓу другото, беше заклучено дека либерализацијата на трговијата со Египет, Мароко, Тунис и Алжир треба да се третира како составен дел од ЕУ-интеграциите и  потребно е итно да се иницираат договори за преференцијална трговија со овие земји. Со Тунис и Алжир треба да се воспостави регулаторна рамка за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите, како и меѓусебно признавање на сертификатите за потекло, вклучувајќи го и Мароко. Со Египет, Мароко, Тунис и Алжир да се склучат договори за соработка на царинските органи, фитосанитарните и ветеринарните инспекции. Големо олеснување би било доколку се овозможи сите процедури околу издавањето визи да се завршат по електронски пат и при влезот во земјата, на граничниот премин, да се издаде виза. 
     


Предложено е посетите на претседателите, премиерите или министрите на Египет, Мароко, Тунис и Алжир да биде заедно со бизнис-делегации организирани од коморите што би придонело за отворање на овие пазари, а би биле и во функција на лобирање во правец на либерализација на трговијата и на друго билатерално уредување битно за развојот на економските односи. Во рамките на системската поддршка на извозот  се предлага да се обезбеди и поддршка на компаниите за учество на саеми во Египет, Мароко, Тунис и Алжир. Со турските партнери ќе се разгледа можноста за заедничко учество на трилатерални деловни настани со земјите од Африка. 

                                                                                                       Саво Пејчиновски
 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права