26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

17.07.2017


Актуелно  

ПРЕДЛОГ-НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕКТОРОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО


Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, до Министерството за економија достави Информација за актуелните состојби во секторот туризам и угостителство (изготвена по одржување на седницата на Здружението одржана на 13.6.2017 година), со предлог за одржување состанок на кој подетално ќе бидат презентирани проблемите, а ќе бидат дадени и предлози за нивно надминување, а на кој би биле присутни министерот за економија, претставници од Владата на РМ во чија надлежност е именувањето на директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и функционирањето на Комитетот за туризам при Владата на РМ и  претставници од министерствата за образование и труд и социјална политика, информираше на денешната прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија (17.7.2017 година).

Членките на Здружението на угостителството и туризмот посочуваат дека за да се постигне проектираното учество на туризмот во БДП од 5% од сегашните 2,2 %, потребно е да се преземат серија мерки во туризмот, во угостителството, како и да се направат одредени измени и усогласувања во законската рамка и образовниот систем за секторот.

Активностите кои треба да се преземат во секторот се:

1. ТУРИЗАМ
  1.1. Активна соработка на државните институции со бизнис секторот при креирање на политиката на туризмот.
  1.2. Поголема координираност и вклученост на бизнис секторот при одржување на саемски манифестации и презентација на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
  1.3. Нови содржини за привлекување и раст на бројот на странските гости.
1.4. Враќање на домашните туристи преку повеќе видови на стимулативна поддршка.
  1.5. Поддршка и поттик на алтернативниот туризам во вкупните понуди.
  1.6. Организација на концерти, културни манифестации и сл. во периодите вон сезона или „ниска“ сезона.
  1.7. Подигнување на свеста за хигиената.
  1.8. Едукација на локалното население каде гравитираат туристите. 
  1.9. Категоризација на автобусите кои се користат за туристички патувања. 
  1.10. Контрола и следственост на работата на туристичките агенции согласно обврските според лиценцата која ја имаат добиено од Министерството за економија.
  1.11. Либерализација на визниот режим, пред се` со земјите од Блискиот и Далечниот Исток и земјите-членки на МАГРЕБ, по теркот на решенијата донесени во земјите од регионот.
  1.12. Спречување на нелојалната конкуренција.
  1.13. Формирање туристичка инспекција.   

2. УГОСТИТЕЛСТВО
  2.1. Стимулации во угостителството - субвенционирање на девизниот прилив.
  2.2. Намалување на ДДВ од 18% на 5% за храната во угостителските објекти.
  2.3. Правилна и наменска распределба на туристичката такса и нејзино реинвестирање.
  2.4. Вложување во обновливи извори на енергија во угостителските објекти.
  2.5. Поддршка и обезбедување поволни услови за нови инвестиции, за изградба на нови угостителски објекти и обновување на постојните, согласно светските трендови. 
  2.6. Промена на моделот на категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност.
  2.7. Приспособување на работата на угостителските објекти во руралните средини.

3. ОБРАЗОВАНИЕТО И ЗАКОНСКАТА РАМКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  3.1. Образовниот систем е таков што дел од завршените учениците не ги задоволуваат потребните стандарди на работодавачите, а друг дел  својот интерес за работа го наоѓаат надвор од Македонија за повисоки месечни примања.
  3.2. Законските ограничувања за ангажирање работна сила не овозможуваат брз и слободен проток и користење на работна сила во одредени периоди во форма на сезонски работници или прекувремена работа.

Покрај овие насоки, членките на Здружението сметаат дека има и неколку мерки кои интервентно треба да се преземат во рамките на секторот согласно проблемите со кои угостителско-туристичките субјекти се соочуваат во своето работење. Во таа насока се бара да се продолжи работата на угостителските објекти, посебно на оние во руралните средини, да се овозможи ангажирање на младите и на студентите за време на туристичката сезона наместо да ја напуштаат Македонија и да работат надвор, а категоризацијата на хотелите и останатите сместувачки капацитети да ја вршат компетентни лица, посочи Горан Дамчевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Комората.

При тоа, апелираат, семинарите, едукативните настани и другите видови активности што се одржуваат на државна сметка, да се организираат во угостителските објекти дома, а не во странство, што би значело директна поддршка за секторот угостителство и туризам. Бараат и вработените вон сезона да бидат ослободени од плаќање придонеси за да се задржат на работа. Дамчевски посочува дека во многу држави со сериозно угостителство и хотелиерство, категоризацијата ја врши фелата, додека кај нас тоа го прават нестручни тела. На денешната прес-конференција во Комората, тој потенцира дека постојниот Правилник за категоризација кој е усогласен со европскиот и е во функција веќе пет години, може да се применува, но со претходни мали модификации. Проблемот, рече, не е во неговата содржина, туку во спроведувањето. Во однос на работното време на угостителските објекти, Дамчевски посочи дека е нужно неговото продолжување, но потребно е и воведување дополнителни активности за поголема атрактивност.

Во однос на актуелната туристичка сезона, заменик-претседателот на Здружението Славе Сирачевски информира дека се очекуваат добри резултати. Охрид е полн, а Скопје е подготвено со дневни излети да ги прими туристите. Земјотресите во охридскиот регион не ги предомислија гостите, ниту има какво било откажување на аранжманите во хотелите, рече Сирачевски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,2%, а кај странските има зголемување за 9,9%.

Во периодот јануари - мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,1%, а кај странските има зголемување за 12,9%.

Даниела Михајловска Василевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права