23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

17.09.2018


Ставови  

СТАВОВИ: КАКО ДО СИЛНИ ДОМАШНИ БРЕНДОВИ?


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Често се вели дека производите се креираат во фабриките, но брендовите се креираат во свеста. Затоа, за некој производ да стане бренд, не е единствено доволно тој да биде создаден, туку можеби уште поважно е тој да биде потврден на пазарот - не само во свеста на купувачите и во нивните емоции, туку и преку нивните впечатоци, кои можат да се сметаат како додадена вредност на тој производ.

Впрочем, производите може да се менуваат во текот на годините, но брендовите се тие што успеваат да ги надминат сите просторни, временски, генерациски и социјални граници. Во нивната суштина лежат довербата на купувачите, нивното верување дека делат исти вредности со тој бренд, но и лојалноста кон тој бренд. Тоа е отворено ветување за купувачот дека неговите барања и преференци ќе бидат секогаш исполнети.

Македонија е мала економија, која (повеќе или помалку успешно) се справува со многу од предизвиците на глобалната економија, но сепак, помеѓу нашите производи има и такви кои во текот на годините успеаја да се изградат како брендови кои се препознаени и вреднувани не само на регионално, туку и на светско ниво. Такви, помеѓу другите, се „Бекутан“ на „Алкалоид“ АД  - Скопје, и „Стоби Флипс“ на „Витаминка“ АД - Прилеп, два бренда кои годинава прославуваат 40 години постоење – бројка која секако е за одбележување. А оваа бројка е уште повредна ако се има предвид дека овие два домашни бренда веќе одамна ширум ги отворија вратите на регионалните, но и на светските пазари, и станаа обележја со кои лично се идентификуваат многу генерации од овие подрачја, кои биле составен дел од нивното растење, но и гаранција за квалитетот кој го носат.

Затоа, брендирањето неопходно мора да биде составен дел на процесот на зајакнување на конкурентноста на домашните производи и креирањето на повисока додадена вредност во домашната економија, и тоа во сите сектори и дејности. Така, на пример, во Штип, каде во текот на оваа недела ќе имаме трибина за перспективите на македонската економија, клучниот предизвик во претстојниот период ќе биде да се забрзаат процесите на модернизација и автоматизација, за да се премине од „ЛОН“ во класично производство и формирање на повеќе сопствени брендови во текстилната индустрија. Создавањето бренд значи лично заложување во тој производ, а купувачите тоа секако ќе знаат да го валоризираат!

п.с. Стапката на раст на БДП од 3,1% за второто тримесечје од 2018 година секако дава позитивни сигнали, после петте последователни квартали во кои македонската економија во услови на ценовна стабилност остваруваше резултати на стагнирање наспроти потребата од позабрзани позитивни економски текови. Сепак, ваквите бројки не треба да предизвикуваат еуфорија – напротив, тие треба да послужат како поттик во последните месеци од годината да се работи за подобрување на индикаторите и секторите кај кои сé уште се бележи пад.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права