ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
07.06.2019
Семинар
ДАНОЧНО ИЗВЕСТУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОБВРСКИТЕ ПОВРЗАНИ СО ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Бесплатен еднодневен семинар на тема:

ДАНОЧНО ИЗВЕСТУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОБВРСКИТЕ ПОВРЗАНИ СО ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ
(„Сл.весник на РСМ“ бр.59 од 20.3.2019 година)

07.06.2019 година (петок)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


          Следејќи ги најновите измени во законските и подзаконските акти, Стопанската комора на Македонија во соработка со ПрајсвотерхаусКуперс (PwC) на 7 јуни 2019 година, организира бесплатен еднодневен семинар на тема: „ДАНОЧНО ИЗВЕСТУВАЊЕ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ОБВРСКИТЕ ПОВРЗАНИ СО ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ“. Овој семинар има за цел да ги презентира најновите измени во законската регулатива, како и даночните обврски предвидени во Правилникот за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот на „дофат на рака“ и начинот на нивна примена (во понатамошниот текст “Правилник”) објавен во "Службен весник на РСМ" бр.59 од 20.03.2019 година.

ПРОГРАМА


I. ОБВРСКИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ
Во текот на семинарот ќе ги анализираме категориите на субјекти кои имаат обврска за поднесување на извештај за трансферни цени. Имено, согласно македонскиот Закон за данокот на добивка, обврските за известување во врска со трансферните цени може да се резимираат во следниве категории:
    • Без обврска за известување за трансферни цени – даночните обврзници со годишен вкупен приход под 60.000.000 денари (приближно 975.600 евра) се принципиелно изземени од обврската за поднесување на Извештај за трансферни цени.
    • Извештај во скратена форма – даночните обврзници кои (i) имаат трансакции со поврзани лица во текот на годината во износ кој не надминува 10.000.000 денари (162.600 евра) или (ii) имаат трансакции само со поврзани лица резиденти на Македонија.
    • Извештај за трансферни цени – останатите даночни обврзници кои не спаѓаат во ниту една од двете категории опишани погоре.

II. КАТЕГОРИИ НА ДАНОЧНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во овој дел ќе ги презентираме видовите на извештаи за трансферни цени кои се предвидени во нашата регулатива, заедно со нивните елементи. Имено, во сублимирана форма ќе ги анализираме потребните елементи на Извештајот за трансферни цени, како и Скратениот извештај за трансферни цени.

III. МЕТОДИ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ, СПОРЕДЛИВИ ТРАНСАКЦИИ И ПАЗАРЕН ОПСЕГ НА ВРЕДНОСТИТЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Во овој дел ќе ги анализираме методите за анализа на трансферните цени, најчестите ситуации за нивна примена, ќе го презентираме начинот на пронаоѓање на споредливи трансакции, како и начинот на изготвување на економска анализа.

IV. СТУДИИ НА СЛУЧАЈ
На крајот на предавањето ќе ви претставиме две студии на случај за анализа на трансферните цени кај компании од:
    - Производствениот сектор, и
    - Услужниот сектор.


Предавачи:

- Ана Шајноска, Постар даночен менаџер, ПрајсвотерхаусКуперс, со 12 годишно работно искуство од областа на даноците
- Ели Боцевска, Даночен менаџер, ПрајсвотерхаусКуперс, со 15 годишно работно искуство, од кое 12 години во даночната   област;
- Ивана Лекиќ, Даночен менаџер, ПрајсвотерхаусКуперс, со 10 годишно работно искуство од областа на даноците.

Сите заинтересирани за учество на бесплатниот семинар можат да се пријават најдоцна до 03.06.2019 година, пријавите по тој термин нема да се земат во предвид. Пријавувањето треба да се направи со пополнување на пријавен лист и проследување на следниот e-mail: mihajlo@mchamber.mk 


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје