Неделен коментар
   
Неделен коментар
19.04.2019 👁 Прочитано: 2846

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“




М-р Зоран Јовановски
М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Европската унија треба да го гледа прашањето за проширување на ЕУ помалку како техничко, а повеќе како политичко прашање, рече Борут Пахор, актуелниот претседател на Словенија, во своето излагање на „Сараево бизнис форум 2019“, на 17 април 2019 година.

Пахор посочи дека иднината на Западен Балкан е геополитичко прашање. Регионот се наоѓа на крстопат и ако ЕУ го запостави проширувањето тогаш ризикува загрозување на безбедноста во овој дел од светот и враќање на националистичките сили кои ќе се обидат да ги менуваат границите. Затоа, ЕУ треба да покаже поголема флексибилност. Иако консолидацијата внатре во ЕУ е примарен приоритет на Унијата, проширувањето на ЕУ треба исто така да биде третирано како прашање со висок приоритет. Со цел да се засили оваа порака, претседателот Пахор ќе иницира покренување соодветна иницијатива на планираната средба со лидерите на земјите од Западен Балкан во јуни годинава . Притоа, останува обврската на владите од регионот да ги забрзаат потребните реформи.

Ахмет Давутоглу , поранешниот премиер на Турција, зборуваше за иднината на светскиот поредок и опасноста од популистичка автократија и етноцентрични политики. Осврнувајќи се на регионот на Западен Балкан, тој посочи дека методологијата за иднината на регионот треба да се потпира на три елементи. Прво, пристапот треба да биде насочен кон визија, а не насочен кон спречување кризи. Второ, пристапот на регионот треба да биде со поглед кон иднината, а не со поглед кон минатото. Трето, пристапот на регионот треба да биде пристап базиран на вредности, а не пристап базиран на идеологија.

Како да се постигне тоа?Давутоглу истакна неколку политички принципи. Најпрвин, принципот на инклузивност, во сé што правиме треба да бидат вклучени сите, сите религии, сите етнички групи, итн. Понатаму, потребна е широка регионална реинтеграција. Таа треба да биде економска, политичка, културна. Треба да се однесува на слободна трговија, заеднички политики. Третиот политички принцип е заедништво во поставеноста на европскиот континент и во тој контекст улогата на југоисточното крило на континентот. Конечно, потребно е регионот да гради заеднички позиции за глобални политички прашања.

Ова се важни пораки за земјите од Западен Балкан од пријателите на регионот. Треба да размислиме, што тие всушност сакаат да ни кажат.

ПОВРЗУВАЊЕ НА УСПЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ ДАНОЦИТЕ?

Зголемување на минималната плата, про и контра

ДУИНГ БИЗНИС И БИЗНИСОТ

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР