ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
05.04.2019 👁 Прочитано: 2719

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ



М-р Зоран Јовановски
М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Големиот Бизнис форум на кој присуствуваа премиерите Заев и Ципрас и бројни претставници на бизнис секторот од двете земји, е несомнено настанот на неделата во нашата земја. Беа искажани добра волја и желби за зголемена соработка во иднина, сето тоа базирано на т.н. Преспански договор и интегративните процеси што тој ги откочува. Сепак, да не заборавиме дека и покрај сите досегашни вербални „препреки“ од двете страни на границата, нашата соработка и довербата во практичната сфера од животот и досега беа на високо ниво.   

На крајот од 2018 година, малку над 59 милијарди денари или речиси секој четврти денар (23%) што населението на нашата земја ги чувало во некоја од банките биле депозит во грчка банка. Истовремено, малку под 45 милијарди денари или речиси секој трет денар кредит (29,3%) што го зеле домаќинствата од земјава е од истата грчка банка. Тоа е висок степен на доверба и взаемна соработка.

Во 2018 година, 40.947 туристи од Грција ја посетиле нашата земја и оствариле 65.926 ноќевања. Од друга страна, согласно последната анкета за патувањата на домашното население, публикувана од Државниот завод за статистика, од вкупниот број наши граѓани што биле на годишен одмор некаде во странство во 2016 година, 53% биле во Грција. Очигледно, државјаните од двете земји немале проблем да уживаат во природните убавини во соседството.  

Бизнис секторот не заостанува во соработката. Во периодот 1997 - 2017 година, според временската серија на  податоците на Народна банка, странските директни инвестиции од Грција во нашата земја изнесуваат вкупно 473,9 милиони евра, или 10,1% од вкупните странски директни инвестиции што сме ги добиле во тој период. Во 2018 година, според податоците на Народна банка кои сé уште не се конечни, странските директни инвестиции од Грција изнесуваат 26,1 милиони евра. Тоа значи дека од Грција досега имаме 500 милиони евра странски директни инвестиции.

Интензивна е и надворешно-трговската соработка. Во периодот 2005-2018 година, според временската серија на податоците на Народна банка, Грција е нашиот четврт најважен пазар, по Германија, Србија и Бугарија. Во набљудуваниот период остварен е извоз стоки во вкупна вредност од малку над две милијарди и деветстотини милиони евра. Извозот во 2018 година изнесувал 190,4 милиони евра и е највисок од 2009 година наваму. 

На страната на увозот, од 2005 до 2018 година, Грција е втора земја на листата земји од кои увезуваме, веднаш зад Германија. Во овој период нашата земја има увезено од Грција стоки во вредност од малку под 6 милијарди евра, а само во 2018 година увозот изнесувал 650 милиони евра.

Теоријата вели дека економските субјекти постојано настојуваат да го оптимизираат своето задоволство, својата корист. Затоа, населението и компаниите секогаш го наоѓаат рационалниот пат за остварување на таа своја цел. Презентираните податоци само го потврдуваат она што интуитивно го знаеме.

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР