ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
22.03.2019 👁 Прочитано: 2959

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА


М-р Зоран Јовановски
М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Годинава е повторно изборна година, овој пат за избор на нов претседател на земјата. Кога се зборува за улогата на претседателот во општествените текови на земјава фокусот обично се става на претседателските ингеренции дефинирани во Уставот и најчесто се зборува за три работи. Прво, дека претседателот ја претставува земјата. Второ, дека претседателот е врховен командант на вооружените сили и претседател на Советот за безбедност на земјата. Трето, дека ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите на земјата во странство.

Она за што малку се зборува е улогата на претседателот во однос на националната економија. Претседателот нема некакви посебни ингеренции по тоа прашање, освен можноста на Собранието да му предложи кандидат за гувернер на Народната банка. Од досегашната практика во нашата земја, најчесто, претседателите немале посебно истакната улога во однос на домашната економија, а и не се екипирале нешто особено за тие прашања. На пример, во Кабинетот на постојниот претседател Иванов има двајца посебни советници за прашања од областа на внатрешната политика, но нејасно е дали некој од нив е советник за економски прашања.

Се разбира, досегашното искуство не мора да значи дека работите задолжително ќе продолжат да се движат по истата патека. Што е она што идниот претседател на земјата би можел да го направи во поглед на економијата? Би можел да направи барем три работи.

Прво, да одлучи да биде проактивен во поглед на економските случувања. Тоа значи да има желба да искаже свој став и за прашања кои не се во рамките на неговите директни ингеренции, но кои можат да имаат свој одраз на долгорочната стабилност на економијата на земјата. За да може да има првокласен увид во економските случувања, онака како што тие се случуваат „на терен“, идниот претседател може да остварува редовни контакти со сите инволвирани страни, вклучително и со претставниците на бизнис заедницата. Исто така, за  идниот претседател ќе биде корисно соодветно да го екипира својот тим со квалитетни економски советници.

Второ, идниот претседател може значително да го подигне нивото на промоција на македонскиот бизнис со вклучување на бизнисмени од земјава при посетите на странски земји. Тоа е вообичаена пракса што ја прават многу земји во светот. На пример, пред околу два месеца Борут Пахор, претседателот на Словенија, беше во официјална посета на Србија, но со него беа и стотина бизнисмени од Словенија. Пред една година, претставници на 18 француски компании го придружуваа претседателот Макрон при неговата посета на Индија. Минатата година, францускиот претседател Макрон беше придружуван од бизнис делегација и при посетата на земја како што е Перу, од Латинска Америка. Минатата година претседателката на Малта предводеше делегација на претприемачи при официјалната посета на Дубаи. Вакви примери има безброј. Ова го прават и малите и големите земји, без оглед дали земјата која се посетува е мал или голем пазар за пласман на домашните производи. Работите сепак изгледаат малку поинаку во очите на домаќините кога некоја компанија е дел од делегацијата на претседателот.

Трето, идниот претседател може да посвети внимание на она што се нарекува економска дипломатија. Согласно неговите ингеренции околу амбасадорскиот состав во странство, претседателот може да одлучи да даде приоритет на лица кои можат најдобро да ја промовираат македонската економија во странство и можат, условно речено, да „донесат“ бизнис за домашните компании во странство.

Во секој случај, можностите за соработка на идниот претседател и бизнис заедницата во земјава се големи, сé во функција на општ прогрес на економијата и општеството.

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР