Неделен коментар
   
Неделен коментар
15.03.2019 👁 Прочитано: 2861

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ


М-р Зоран Јовановски
М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Пописот е статистичка операција. Не е случајно тоа што се реализира со бавна динамика, вообичаено еднаш на десет години. Причина за тоа се неговите статистички карактеристики, неговата опфатност, начинот на кој се извршува, ресурсите потребни за негова реализација, итн. За тоа како треба да се прави пописот постои и вообичаена меѓународна методологија.

Набљудувано од општествена гледна точка, пописот во принцип е само техничка статистичка операција. Но, како што знаеме и од искуството на нашата земја, пописот може да биде третиран и поинаку, во зависност од сензибилитетот на контекстот. Како последица на ова, пописот од децениско прашање се претвора во дневно-политичка тема. 

За жал, она што често не се зема предвид е дека пописот не е само техничка статистичка операција, туку сериозна економска категорија. Тој дава важни економски информации што се исклучително корисни за планирање на економскиот развој на земјата. Има повеќе примери за тоа.

Податокот за бројноста на населението е најчесто спомнуваниот „производ“ на пописот. Но, важен е и податокот за густината на населението на територијата на земјата. Тоа е индикација за движењата внатре во земјата, миграцијата, најчесто од рурални кон урбани средини.

Чекор понатаму, бројот на жители во поодделни делови на земјата дава индикација за економските потреби на населението. Такви се, на пример, потребите за струја, вода, храна, медицински услуги, образование, инфраструктурните потреби, итн.

Уште еден чекор понатаму, податоците за потребите на населението во поодделни делови на земјата служат како основа за носење одлуки од страна на дизајнерите на економските политики на земјата за тоа како да се алоцираат ресурсите на државата. Со други зборови, каде и колку ресурси да се алоцираат за да може државата во потребната мера да даде услуги во здравството, образованието, да овозможи соодветна инфраструктура, енергија, итн. Значи, пописот дава аналитичка основа за носење важни економски одлуки и за употреба на парите од државниот буџет на начин што ќе овозможи оптимизирани ефекти за граѓаните и за општеството.

Но, корисноста на пописот како основа за важни економски одлуки не се исцрпува само за потребите на државните планери. Тој дава аналитичка основа и за одлуки на приватниот сектор. На пример, економските субјекти треба да одлучат каде да биде физички присутен нивниот бизнис, каде да отворат продавница, филијала и слично, во зависност од податоците и трендовите на движење во поглед на бројот на потенцијални потрошувачи на одредени производи или услуги.

Ситуацијата не може да биде појасна и поедноставна. На земјава и’ е потребен попис веднаш. И, пописот мора да има фиксиран тајминг кога ќе се одржува. Тој тајминг не смее да биде предмет и да зависи од какви било преговори и договори на кои било  политички субјекти. 

ПОВРЗУВАЊЕ НА УСПЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ ДАНОЦИТЕ?

Зголемување на минималната плата, про и контра

ДУИНГ БИЗНИС И БИЗНИСОТ

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР