ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
04.07.2019
Семинар
КЛУЧНИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА СТОКИ – ACCOUNT MANAGEMENT, ПРЕГОВАРАЊЕ И MERCHANDISING
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Eднодневен семинар на тема:

КЛУЧНИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА СТОКИ – ACCOUNT MANAGEMENT, ПРЕГОВАРАЊЕ И MERCHANDISING

4 јули 2019 година (четврток)
09:00-14:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

          Современиот бизнис е резултат на интензивниот техничко-технолошки развој каков што историјата не памети. Истиот бара нови профили на сите нивоа на извршување. Продажниот процес заедно со неговиот комплементарен придружник - преговарањето не се исклучоци. И тие бараат брзо приспособување кон сите промени со цел да се опстане во сè поизразената конкурентска борба.
          На современиот успешен продажен агент му се потребни модерен пристап, алатки и техники за да остане со тој епитет – успешен.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 4 јули 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „КЛУЧНИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА СТОКИ – ACCOUNT MANAGEMENT, ПРЕГОВАРАЊЕ И MERCHANDISING“.

ПРОГРАМА


I. ВОВЕДЕН МОДУЛ
• Што продаваме? Како продаваме?
• Ефективна продажно-преговарачка комуникација;
• Rapport – алатка без која не се може;
• Моќта на прашалните техники.

II. ОД ПРОДАЖБА КОН ACCOUNT MANAGEMENT
• Предизвиците пред модерната продажба;
• Од продажба кон консултација;
• Од консултанција кон Account Management;
• Oд клиент кон деловен партнер.

III. ПРЕГОВАРАЊЕ И MERCHANDISING
• Преговарање – реален случај;
• Согледувања: добри и погрешни (ре)акции ;
• Од што зависи резултатот во преговарањето?
• Заблудата на компромисот;
• Варијаблите – суштината на преговарањето;
• Како да се избегне преговарачка „грешка во чекори“?
• Merchandising – клучни моменти;

IV. ЗАВРШЕН МОДУЛ
• Како тоа го прават најдобрите;
• Завршни согледувања и заклучоци;
• Прашања и одговори;
• Затворање на тренингот.


Предавач:

Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција.
Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови бил во прилика да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и регионалниот пазар.
„Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „Hipp“, „Nestle“,  „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или со кои тесно соработувал.
Како тренер, со повеќе од  640 семинари, работилници, предавања, презентации и консултантски сесии одржани во Македонија и во регионот, Керамитчиев соработувал со бројни компании од речиси сите деловни сектори: банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репро-материјали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство...
Неговата консултантска и тренерска пракса и покрај и  формалното образование (МВА), доминатно ја црпи и ја базира на сопствено искуство и принципите за кои зборува ги поткрепува со сопствени примери. Самиот е учесник на бројни семинари во земјата и во странство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 1 јули 2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје