ДВИГАТЕЛ НА ПАЗАРОТ И ЛИДЕР ВО МЛЕКОПРОИЗВОДСТВОТО НИЗ ОДРЖЛИВИ ПАРТНЕРСТВА И ИНОВАЦИИ

   

👁 Прочитано: 1399


ДВИГАТЕЛ НА ПАЗАРОТ И ЛИДЕР ВО МЛЕКОПРОИЗВОДСТВОТО НИЗ ОДРЖЛИВИ ПАРТНЕРСТВА И ИНОВАЦИИ

Со еднаков третман кон сите алки од синџирот на снабдување и дистрибуција, Бимилк секојдневно обезбедува квалитетни и хранливи производи за преку милион потрошувачи

Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола денес е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи со здрави, вкусни и хранливи производи, истовремено подигнувајќи ја свесноста за здрав и избалансиран начин на исхрана. За предизвиците со кои се соочува компанијата, како и за постојаната потреба од следење на светските трендови во млекопроизводството беше разговарано на средбата на д-р Јелисавета Георгиева- Јовевска, потпретседател  на Комората и д-р Елена Милевска Штрбевска, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања со г-дин Ѓорги Петрушев, генерален директор на Млекара АД Битола.

Сите производи на Бимилк се широко распространети и препознаени меѓу потрошувачите, за што говори и фактот дека Бимилк, како лидер во млечната индустрија, придонесува за раст од 3% на вкупниот млечен пазар во земјата. Оттука, позитивните трендови и растот на продажбата во повеќе категории се очекувани резултати за 2019 г., но и стратешки приоритети за понатаму, вклучително и проширување на портфолиото и понатамошно вложување во заедницата. Портфолиото на Бимилк се состои од десетици различни производи, препознатливи по својот квалитет, меѓу кои и „Битолско“ продукт брендот кој опфаќа млеко, кисело-млечни производи и путер и брендот „Баланс+“ кој е прв домашен функционален производ и кој покрај јогуртот, го вклучува и Баланс+ киселото млеко. “Битолско екстра“ е нова линија производи која полека, но сигурно, го гради својот идентитет и станува неразделен дел од барањата на потрошувачите.

Со цел задоволување на различните вкусови на своите потрошувачи и сѐ поголемата побарувачка, Бимилк е и најголемиот иноватор во млечната индустрија, секојдневно поставувајќи стандарди во млекопроизводството, преку следење на светските трендови и инвестиции во нови софистицирани технологии кои овозможуваат проширување на асортиманот и креирање на производи кои што ја потврдуваат лидерската позиција на компанијата.

ДВИГАТЕЛ НА ПАЗАРОТ И ЛИДЕР ВО МЛЕКОПРОИЗВОДСТВОТО НИЗ ОДРЖЛИВИ ПАРТНЕРСТВА И ИНОВАЦИИ

Самиот факт дека компанијата е формирана како првата млекарница во Македонија, говори за долгогодишната посветеност во работата да се изгради бренд со тежината на името „Млекара Битола“. Од пред 67 години, кога дневниот капацитет изнесувал 10.000 литри, денес компанијата може да се пофали со преработени 240.000 литри на ден, додека просечниот неделен обем на производство од 600.000 литри е зголемен на 1.150.000 литри преработено млеко само во изминатата година.

Истовремено, Бимилк денес е и најголемиот купувач на сурово млеко, постојано работејќи на решавањето на најголемиот предизвик на индустријата во моментов: обезбедување доволни количини на квалитетно сурово млеко. За таа цел, компанијата воведе низа стимулативни мерки за фармерите кооперанти, односно вложување во современа опрема и технологија за преработка на млеко, континуирана едукација на фармерите, набавка на сточна храна, механизација и опрема, како и навремена исплата. Со ваквите партнерски односи со своите кооперанти, Бимилк на одржлив начин придонесува и во севкупниот развој за примарното млекопроизводство во земјата.

За успехот на компанијата и прифатеноста на производите на Бимилк зборува и порастот во однос на извозните количини во регионот, односно во Косово, Албанија, Србија и Црна Гора.

Како компанија која општествената одговорност ја има вкоренето цврсто во својата мисија, низ годините наназад Бимилк несебично поддржува и имплементира бројни проекти од општествен и хуман карактер, фокусирајќи се на добросостојбата на целата заедница, на здравјето на децата, правилна едукација на сите групи потрошувачи, но и на економскиот развој на земјата, преку континуирани инвестиции во домашното млекопроизводство.

Млекара АД Битола е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, чии претставници се активно вклучени во органите и телата на Комората, придонесувајќи за подобрување на состојбите во дејноста, но и воопшто за условите за водење бизнис во земјава. Г-дин Ѓорги Петрушев, генерален директор на Млекара АД Битола е член на Управниот одбор и на Собранието на Комората и е претседател на Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко и производи од млеко во рамки на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Комората.

ДВИГАТЕЛ НА ПАЗАРОТ И ЛИДЕР ВО МЛЕКОПРОИЗВОДСТВОТО НИЗ ОДРЖЛИВИ ПАРТНЕРСТВА И ИНОВАЦИИ