ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА СУРОВИНАТА МОЖЕ ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ ПАЗАРОТ НА ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

   

👁 Прочитано: 264


ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА СУРОВИНАТА МОЖЕ ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ ПАЗАРОТ НА ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

Почетоците на друштвото "Фи-Са Комерц" датираат уште од пред 2000 година, кога за прв пат се отвара регистриран малопродажен објект (месара) со скромен обем на конфекционирање и производство на месо и производи од месо.

Применувајќи го долгогодишното работното искуството, во март 2014 фирмата "Фи-Са Комерц" одлучува да ги следи современите технолошки методи и иновации на производство во месната индустрија и со цел да биде поблиску до сите потрошувачи на територија на РСМ, преку инвестиција и реализација го отвара новиот регистриран производствен погон за месо и производи од месо, со имплементиран HACCP систем, како гаранција за производство на хигиенски здравствено исправни производи.

Денес, производите на Месната индустрија "Фи-Са Комерц" се застапени во над 80% од територијата на РСМ, во месари, малопродажни маркети, дисконти и хипермаркети како и надвор од територијата на РСМ.

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА СУРОВИНАТА МОЖЕ ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ ПАЗАРОТ НА ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

Освен тековните проблеми со суровината, која поради болеста свинска чума и дизбалансот на пазарот предизвикан од Кина достигна енормно висока цена на светско ниво, долгиот период на чекање резултати од анализа (некогаш и по 15 дена) како и проблемот со новото име на увозните сертификати дополнително ги оптоварува домашните месо преработувачи.

И во  фирмата Фи-са  законската обврска за имплементиран Систем за анализа на критични контролни точки – HACCP, е реализирана, но согласно сопствената развојна стратегија, отворени се за примена и на други интернационални стандарди кои секако позитивно ќе влијаат на конкурентноста на пазарот. Обајснети им се генерално стандардите како  ISO 9001, ISO 22000, ISO 14001 и ISO 45001.

Васко Ристовски