НАМАЛУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ДДВ КАЈ СУРОВИНИТЕ

   

👁 Прочитано: 296


НАМАЛУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ДДВ КАЈ СУРОВИНИТЕ

Гринагро е една од првите компании на пазарот за крмни смески и компоненти за добиточна храна во Македонија. Уште од своите почетоци Гринагро поставува високи стандарди и квалитет со продажбата на концентрати и премикси од глобално познати брендови за добиточна храна.

Она што ја прави посебна оваа компанија, е целосната поддршка и стратегија којашто ја нудат на фармерите. За успешноста на фармата не се пресудни само премиксите, туку и сите останати фактори коишто влијаат врз приносите. Затоа Гринагро ги презема следните чекори при правење план за исхрана на животните на фарма:

* Анализа на состојбата на фармата
* Лабораториско испитувањe на суровините коишто ги користи фармерот
* Рецептура, според извршената анализа, за премикс и комплетна исхрана
* Превентивни ветеринарни совети
* Насоки за менаџирање на фармата.

Во разговор со првите луѓе на компанијата беше побарана поддршка од комората во напорите да се издејствува намалување на стапката на ДДВ за суровини за прамикси, која изнесува 18%, наспроти истата за готови која е само 5%. На тој начин домашните производители се ставаат во нерамноправна положба наспроти увозот на готови производи, а дополнителен проблем е и изедначената стапка на ДДВ кај витамините за човечка и животинска исхра што, според нив, би требало да се раздвои во законодавството.

НАМАЛУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА ДДВ КАЈ СУРОВИНИТЕ

Фирмата Greenagro, пројави интерес за  специфичните стандарди релевантни за примарното производство, но истотака потврди и дека го имаат имплементирано ISO 22000:2005, што значи дека ќе треба да се транзитираат кон новата верзија на истиот стандард, односно  ISO 22000:2018. За таа цел објаснет е процесот и активностите врзани за транзицијата на  истиот.

Васко Ристовски