БЕЗ СТРАНСКИ ТУРИСТИ ДЕВИЗНИОТ ПРОМЕТ ЌЕ ИМА ДРАСТИЧЕН ПАД
👁 Прочитано: 1999



БЕЗ СТРАНСКИ ТУРИСТИ ДЕВИЗНИОТ ПРОМЕТ ЌЕ ИМА ДРАСТИЧЕН ПАД

Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ АД - Скопје

Ова е дефинитивно изгубена година за туристичко-угостителскиот сектор и само ќе се бројат загубите. Анализите кои беа направени за секторот, но и проекциите на деловните субјекти поединечно покажуваат дека практично ќе ги остави компаниите од туристичкиот сектор без економска активност цела 2020 година. Чартер-линиите се сѐ помалку извесни во месеците што следуваат, континуирано се одложува продолжувањето на редовните авио-линии, процедурите за нивно работење значително ќе го отежнат патувањето и ќе го намалат капацитетот на сите превозни средства и до 60%. Доколку здравствената криза продолжи до крајот на оваа година, чартер-ротации кон Република Северна Македонија нема да има во 2020 година, па според тоа може да очекуваме пад на бројот на странски туристи во 2020 година од 80%, што ќе значи и драстичен пад на девизниот промет и на нето-девизниот ефект и до 400 милиони евра.

Служба за информирање при Комората