КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, МИГРАЦИЈАТА И РАЗВОЈОТ НА АГРОСЕКТОРОТ

   

👁 Прочитано: 1218


КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, МИГРАЦИЈАТА И РАЗВОЈОТ НА АГРОСЕКТОРОТ

Минчо Јорданов, сопственик на „ПЕРМИНДЕКС“ на трибината на тема: „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“

Земјоделството, освен производство на храна, влијае и на демографските карактеристики на една земја да ги задржи младите луѓе да не заминат од државата. Состојбата во моментов е драматична. Имаме климатски промени со големи удари на земјоделското производство. Се наметнува потреба за интензивно вложување, пред сѐ во делот на наводнувањето и иригационите системи. Потребни се вложувања и во преработувачките капацитети, како и конкретни мерки за финансирање во земјоделството. Државата мора да ја промени својата стратегија во насока на поддршка и развој на преработувачките капацитети во земјата. Погодени од ниска профитабилност, истите тешко пронаоѓаат начини и средства да ги прифатат ИПАРД програмите, па оттука се наметнува потреба од креирање посебни мерки на финансирање со цел зголемување на продуктивноста во преработувачката индустрија. И конечно, комуникацијата меѓу Комората, Владата и земјоделците да биде постојана.