АВТОНОМНИ МЕРКИ ЗА УВОЗ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ИЗВОЗ

   

👁 Прочитано: 1185


АВТОНОМНИ МЕРКИ ЗА УВОЗ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ИЗВОЗ

Златко Најдовски, директор на „Евромлекара“ - Скопје, на трибината на тема: „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“

Преработувачите на млеко ја поздравуваат иницијативата за измена на мерката за набавка на млечни крави. Иако истата до некаде е задоцнета, сепак ќе го ублажи натамошниот пад на количините на произведено млеко во секторот.

Во тој контекст, од особено значење е што планира да направи ресорното Министерство, почнувајќи од 2020 година, за да го спречи падот на количините на млекото и како ќе се постават мерките и приоритетите во подобрување на квалитетот на млекото кој во моментот е на поразително ниво, за да можеме да добиеме квалитетно млеко како што бара пазарот. Тренд во производството на млеко е континуирано намалување на бројот на малите производители, а со тоа и на количините на млеко на пазарот. Факт е спорото окрупнување на фармите и ние, преработувачите, го гледаме како ризик во бизнисот.

Имаме 4-5 производи кои се препознатливи, важно е да го намалиме увозот и да се фокусираме на извозните гранки.

Во таа насока се иницира автономна мерка за увоз на млеко од Турција со цел да се одговори на потребите на компанијата како за домашен пазар, така и за извоз, пред сѐ во Руската Федерација со која „Евромлекара“  има договори.