ИЗМЕНА НА OДЛУКАТА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗВРШЕНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 250 ОД 5 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА)



Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18), член 27-ѓ став 4 и член 46 став 2 од Законот за платниот промет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 22/08, 159/08, 133/09, 145/10, 35/11, 11/12, 59/12, 166/12, 170/13, 153/15, 199/15, 193/17 и 7/19), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, донесе

- Oдлука за изменување на Oдлуката за доставување податоци за извршените активности во платниот промет

 Со измените на Одлуката за доставување податоци за извршените активности во платниот промет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/16), се уредува дека Народната банка ги објавува податоците месечно, односно годишно во агрегирана форма, на својата интернет-страница, со исклучок на податоците од точката 4 алинеја 3 од Одлуката, коишто ќе се употребуваат само за аналитички цели и нема да бидат предмет на објавување. Народната банка ги објавува податоците од точката 4 алинеја 2 од Одлуката, почнувајќи од извештајниот период којшто започнува во 2018 година.
 Оваа одлука стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје