ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ СУПЕРВИЗИЈА И НАДЗОР („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 250 ОД 5 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА)



Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18) и член 114 став 2 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15, 190/16 и 7/19 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, донесе

- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор

 Со измената и дополнувањето на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/18), се уредува дека по исклучок на точката 10 од Одлуката, во случаите кога гувернерот на Народната банка презел или ќе преземе редовни или дополнителни мерки за постигнување и одржување повисок износ на сопствени средства и/или повисока стапка на адекватност на капиталот согласно со членовите 132 и 133 од Законот за банките, врз основа на утврдениот севкупен профил на ризик на банката, овластените лица изработуваат план на супервизорски активности за банката, доколку е потребно предлагаат други мерки кон банката и најмалку еднаш годишно ја преоценуваат потребата за постигнување и одржување повисок износ на сопствени средства и/или повисока стапка на адекватност на капиталот.
 При преоценувањето се имаат предвид и ризиците присутни во работењето на банката коишто можат да имаат влијание врз одржувањето или нарушувањето на сигурноста и стабилноста на банкарскиот систем во целина и резултатите од стрес-тестовите спроведени од страна на банката и/или Народната банка, имајќи го предвид деловниот модел на банката.
 На овие случаи не се применуваат одредбите од точките 11, 12 и 13 од Одлуката.
 Оваа одлука стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје