ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ



Со членовите 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од Предлог - законот се вршат измени со кои се предлага бришење на одредбите кои се однесуваат на спроведување на испит за проверка на знаење за задржување на статус сметководител, односно статус овластен сметководител.

Понатаму, се уредува дека сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2017, 2018 или 2019 година ќе се смета дека го исполнил бројот на часови за континуирано професионално усовршување за периодот од три години утврдени во член 19 ставoви (1) и (2) на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15, 23/16, 190/16 и 193/17), доколку посети 80% од бројот на часовите или 48 часови за сметководител односно 72 часови за овластен сметководител,  и тоа:

1) до 31 декември 2019 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2017 година,
2) до 31 декември 2020 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2018 година и
3) до 31 декември 2021 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2019 година.

Воедно се уредува дека Институтот најдоцна до 30 јуни 2020 година ќе ги преведе МСФИ и МСФИ за МСС согласно член 6 став (1) точка 10 на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15, 23/16, 190/16 и 193/17).

Со Предлог-законот се врши и усогласување на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоци.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје