17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

17.10.2018 (Семинар)
ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

18.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународна конференција за текстил и деловни средби

Бизнис-настани

05.09.2018 - 05.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА


Еднодневна работилница на тема:

ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

5.9.2018 година (среда)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Стопанската комора на Македонија, на 5 септември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Плати и права и обврски од работен однос кои произлегувааат од плаќањето на работата“, чија цел е стекнување практични знаења за правилното применување на легислативата која ги уредува некои од најчестите дилеми кои произлегуваат од начинот на пресметка на плата, додатоци на плата и надоместоци од работен однос, со обработка на законската регулатива, сметководствениот и даночен третман на надоместоците преку практични примери за субјекти во приватниот сектор.

          На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика.

ПРОГРАМА

I. ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА

   • Законска регулатива;
   • Пресметка на основна плата;
   • Пресметка на работна успешност и додатоци на плата;
   • Практичен пример.
 
 o Параметри за пресметка на плати за 2018 година:

   • Лично ослободување за 2018 година;
   • Стапки за пресметка на придонеси за 2018 година;
   • Највисока и најниска основица за пресметка на плати за 2018 година;
   • Минимална плата.


II. НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА

 - Пресметка на надомест на плата по основ на боледување

   • Законска регулатива;
   • Исплата на боледување на товар на работодавач;
   • Исплата на боледување на товар на Фондот за здравствено осигурување;
   • Практични примери.

 - Пресметка на надомест на плата по основ на годишен одмор

   • Определување за секој вработен одделно;
   • Стекнување право за цел годишен одмор;
   • Пропорционален дел од годишен одмор;
   • Користење на годишен одмор;
   • Потврда за искористен годишен одмор;
   • Надоместок за неискористен годишен одмор;
   • Надоместок на плата за годишен одмор и основица за плаќање на придонеси и персонален данок за надоместокот на плата за годишен одмор;
   • Неплатено отсуство. 


III. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

   • Дневници за службени патувања – пропишан износ, Уредба за службени патувања во странство, сметководствен и даночен третман, потребна документација и пресметка;
   • Надомест за користење сопствен автомобил за потреби на работодавачот-пропишан износ, сметководствен и даночен третман, потребна документација и пресметка;
   • Регрес за годишен одмор и новогодишен надомест - пропишан износ, сметководствен и даночен третман, потребна документација и пресметка;
   • Надомест за одвоен живот – пропишан износ, сметководствен и даночен третман, потребна документација и пресметка;
   • Теренски додаток - пропишан износ, сметководствен и даночен третман, потребна документација и пресметка;
   • Практични примери.


IV. ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА

   • Основ и услови за порамнување на побарување на работодавач со обврска за исплата на плата;
   • Основ и услови за задржување на исплаќањето на плата со посебен осврт на новиот Закон за извршување;
   • Административна забрана;
   • Налог за извршување врз основа на извршна исправа;
   • Претходно исплатен аванс кој сé уште не е оправдан;
   • Надомест на штета;
   • Парична казна изречена од работодавачот;
   • Практични примери и дискусија.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска, правен консултант во „Консалтинг Интер Груп“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 3.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права