17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

17.10.2018 (Семинар)
ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

18.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународна конференција за текстил и деловни средби

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.12.2017


Актуелно  

ОСНОВАН КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА


Една од стратешките цели на Стопанската комора на Македонија е определбата за создавање реални услови за освојување нови пазари кои се од клучно значење за раст на извозот, а со тоа и на националната економија. Македонското стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании. Потребата за унапредување на извозните можности за компаниите од Република Македонија, како предуслов за економски раст на земјата, беше посочена и како еден од клучните заклучоци во научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, изготвена од Виенскиот институт за меѓународни економски односи, по барање на Стопанската комора на Македонија, а притоа беше посочено на потребата соодносот на извозот во БДП  да се зголеми за околу една половина, до околу 75 проценти. За да може развојот да се движи напред, неопходно е да се направат дополнителни подобрувања во трговскиот сектор со цел да се поддржи растот на извозот.

Нецаринските бариери, различните прописи, неусогласените законодавни системи, недоволното знаење за критериумите на извозните пазари, продажни канали, логистика и услови за испорачување, недостатокот од маркетиншки и продажни вештини се само дел од предизвиците со кои компаниите - членки на Стопанската комора на Македонија се соочуваат кога извезуваат во соседните пазари. Од тие причини, на 5 декември 2017 година во  Стопанската комора на Македонија се одржа конститутивна седница на Клубот на извозници. Клубот ќе функционира како посебна форма на организирање и работење при Комората, чии основни приоритети ќе бидат насочени кон помагање на своите членови во нивното надворешно-трговско работење, со цел развивање на трговските контакти и насочување на нивните извозно - увозни можности за повисоки облици на соработка, со цел надминување на сите посочени проблеми кои во моментот претставуваат пречка за зголемувањето на извозот на домашните компании. На конститутивната седница се усвои Програмата за работа на Клубот, која ќе биде насочена кон развивање и унапредување на соработката со надлежните институции во земјата и во странство, продлабочување на меѓународните активности преку промоција на извозно ориентираните компании од Македонија, како и едукативни настани преку кои ќе се споделуваат искуства и знаења од домашни и странски експерти за зголемување на конкурентноста на македонските компании на странските пазари.

 

Истовремено, сите останати форми на организирање и работење, кои во моментот функционираат во рамките на Стопанската комора на Македонија, а чиј предмет на работење опфаќа активности насочени кон унапредување на соработката со определени земји/подрачја, ќе се присоединат кон Клубот на извозници.

 

За претседател на Клубот на извозници за периодот од наредните две години е избран Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ ДОО -  Виница, додека за потпретседател на Клубот едногласно беше избран м-р  Горан Антевски, од компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ ДООЕЛ - Скопје.

м-р Сања Николова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права