„Алкалоид“ ја јакне позицијата на странските пазари: Нов влог во „Алка Лаб“

   

👁 Прочитано: 947


„Алкалоид“ ја јакне позицијата на странските пазари: Нов влог во „Алка Лаб“

Скопската компанија „Алкалоид“ вложи дополнителни 400 илјади евра во љубљанската фирма АЛКА -ЛАБ што веќе ја поседува. Новото вложување е за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови, објави Алкалоид.

„Алкалоид АД изврши дополнително вложување во постојното друштво АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, по пат на зголемување на основната главнина. Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари, стои во соопштението од македонската компанија испратено до Македонска берза.

Инаку Алкалоид поседува 100 отсто од АЛКА-ЛАБ од Љубљана.