ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
28.05.2019
Конференција
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА АРМАТУРАТА ЗА БЕЗЕДНОСТА НА ГРАДБИТЕ
хотел DoubleTree by Hilton, во Скопје,

Конференцијата „Квалитетна арматура – безбедни градби“ која ќе се одржи на 28 мај 2019, од 10.30 до 14.30, во хотелот DoubleTree by Hilton, во Скопје, претставува уникатна можност за споделување значајни информации и трендови во областа на стандардите за квалитет и безбедност на арматурата. Настанот ги обединува сите значајни засегнати страни, вклучувајќи ги академската и бизнис заедница, институциите, медиумите. Конференцијата има за цел да се подигне свесноста за важноста на употребата на градежни материјали што ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност.

Темите на конференцијата, помеѓу останатото, ќе опфатат прашања кои се однесуваат на стандардизацијата на градежните производи, стандардите за квалитет на арматурата, сертификацијата на челикот за армирање на бетон, и техничката регулатива за утврдување на квалитетот на арматурно бетонско железо.

Конференцијата е во организација на „Дојран стил“, водечки производител на челични производи за различни намени, во соработка со Градежниот факултет – Скопје, Институтот за земјотресно иженерство и инженерска сеизмологија – Скопје, Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, Стопанската комора на Македонија - Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Повеќе информации за конференцијата се достапни на следниот телефон - 02/3290-486.


Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лице:
Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје