24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Основни информации

Групација на приватни здравствени установи


Во Стопанската комора на Македонија се конституираше
Групација на приватните здравствени установи


Повеќе од 20 стопански субјекти, репрезенти во фармацевтската и здравствената дејност во Република Македонија на 30.03.2011 година ја конституираа Асоцијацијата за здравство при Стопанската комора на Македонија.Основачи на асоцијацијата се претставници на: производителите на фармацевтски производи, најголемите дистрибутивни ланци на лекови – веледрогериите, претставници на трговија со лекови на мало, производители на хербални лекови, застапен е сегментот на дијагностика и лаборатории и приватните здравствени установи.

*************

Со цел ефикасно остварување на специфичните интереси на приватните здравствени установи во  вршењето на дејноста, во рамки на Асоцијацијата за здравство, на 22.09.2011 година, по иницијатива на приватните здравствени установи: Специјална болница за хируршки болести, Филип Втори – Скопје, Прва приватна општа болница РЕ-МЕДИКА Скопје, Клиничка болница Систина-Скопје, Неуромедика-Скопје и Европска очна болница-Скопје се формираше Групација на приватни здравствени установи.

Здружувањето во Групацијата е слободно и на доброволна основа. Притоа, Групацијата е отворена за членство за сите заинтересирани субјекти кои имаат интерес да членуваат во неа.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ГРУПАЦИЈАТА:

I. Групацијата има за цел да ги артикулира и координира потребите на приватните здравствени установи, во функција на остварување на што подобра заштита на пациентите и нивните права.

II. Групацијата ќе биде партнер на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како и на другите носители на здравствената политика, со цел активно вклучување, како заинтересирана страна, во подготовката на правната регулатива поврзана со здравствената дејност, како и други активности кои се во насока на подобрување на реалните состојби во здравствениот сектор.

III. Групацијата организирано ќе учествува во подобрување на квалитетот на здравствените услуги и ќе биде актвен чинител во обезбедување поголема достапност на своите квалитетни услуги до пациентите.

* * *

Анализирајќи ги проблемите од економско-правен аспект со кои се соочуваат приватните здравствени установи во Република Македонија, од една страна,  и знаењето, потенцијалите и огромната волја за натамошен напредок на оваа дејност и во рамките на приватниот сектор, од друга страна, за разрешување на клучните прашања што се претпоставка за успешно функционирање на овој сектор, неопходен е континуиран дијалог, постојана консултација со сите заинтересирани страни за сите правни и економски прашања поврзани со овој сектор и непосредна и постојана подготвеност на државата да ги земе предвид мислењата, забелешките и предлозите на приватниот сектор во областа на здравството.  Токму поради овие причини, приватните здравствени установи во иднина ќе дејствуваат координирани и организирани во рамки на Групацијата на приватните здравствени установи при Стопанската комора на Македонија.

За в.д.Претседател на Групацијата е избран д-р Андреја Арсовски од Првата приватна општа болница РЕ-МЕДИКА Скопје. Групацијата е отворена за членство на сите приватни здравствени установи во РМ.

 

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Зорица Мешкова
Тел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: zorica@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права