20.04.2018 (Семинар)
Подобрување на репутацијата и имиџот на компанијата преку брзо и ефикасно решавање на жалби, поплаки и неусогласен производ, системски решенија, вештини и решавање на конфликтни ситуации интерно во компанијата и према купувачите 20.04.2018 (Конференција) Конференција на тема: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ - Можности и предизвици- 23.04.2018 (Семинар) ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ 23.04.2018 (Работилница) ВОВЕД ВО РЕЛАЦИОНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ 24.04.2018 (Советување) Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници 24.04.2018 (Семинар) МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT) 26.04.2018 (Инфо сесија) Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија 26.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита 27.04.2018 (Семинар) ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 30.04.2018 (Семинар) ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ 30.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS) 08.05.2018 (Бизнис средби) Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија 29.05.2018 (Семинар) УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија) 30.05.2018 (Форум) Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград |
|||||||
Прашања - одговори
1.
Почитувани,
Би сакал да Ве замолам за појаснување на одлука за членарина. Колку изнесува членарината која фирмите членки треба да ги плаќаат. И во кој интервал чланарината. Кои се дополнителни обврски на фирмите членки на Комората.
Со почит,
Зоран
Почитуван г-не, Членството во Комората се одредува врз основа на Одлука на Собранието на Стопанската комора (Одлука). 2. Дали организирате презентации за одредена IT фирма од странство, која сака да ги презентира своите решенија пред преставници на компании од Македонија, со цел на пронаоѓање потенцијални купувачи на истите? Да, во Комората може да се организира презентација по барање на македонските или странските компании, со претходно договарање околу начинот како тоа ќе биде изведено. 3. Дали Стопанската комора на Македонија е овластена за издавање на баркодови. Поздрав Почитувани, Издавање, едвиденција и контрола на баркодови во Република Македонија го врши GS1 Македонија (http://www.gs1mk.org.mk). Само таа институција е со дозвола за оваа работа, и таа е овластена од светската организација GS1. Стопанската комора беше основач на GS1 Македонија, откако во 2010 година оваа институција премина во самостојно функционирање. 4. Кои се обврските на членовите на Стопанската комора на Македонија? Љупчо Карајли, Охрид Почитуван г-не Карајли, Обврските на фирмите-членки на Стопанската комора на Македонија произлегуваат од самиот Статут на Стопанската комора, кој е усвоен од страна на Собранието на Комората. Во истиот се дадени правата на фирмите-ленки, кои се многу повеќе, од самите обврски на фирмите-членки. Накратко, обврските на фирмите-членки се следните две: * во своето делување во рамките на коморската организираност и активности да се придржуваат кон одредбите на овој статут,општите акти и одлуките на органите и на облиците на организирање и работење во рамките на Комората; * да учествуваат во обезбедувањето средства за остварување на задачите на Комората, согласно потребите утврдени со програмите и одлуките на органите и на облиците на организирање и работење во рамките на Комората. Поточно, истите се однесуваат на обврските на фирмите во функционирањето и работењето на Комората (учество во работата на телата и органите на Комотата), како и обезбедување на финансиски средства за функционирање на Комората (членарина, користење на услугите кои ги создава Комората за своите членки). 5. Почитувани, Ме интересира дали може да се добие терк по кој може да изработиме и да понудиме наша инвестициона програма. Банките во нашата држава одобруваат кредити на заинтересирани само ако имаме изработено квалитетни бизнис програми. Се надевам на разбирање и помош, Со почит, Љубен Бошковски Почитуван г-не, 6. Дали може да се добие сертификат за потекло на стоката (Origin, FormA) во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Македонија? Почитувани, 7. Ме интересира дали Стопанската комора на Македонија може да издаде Сертификат за потекло на стоката („Certificate of Origin„) и кој се условите за овој сертификат да се добие. Се работи за стока - електроника што се произведува во РМ , а е наменета за Киргистан. Инаку ино-партнерот го бара овој докумнт како еден од условите за да ја прифати пратката. Со почит, Јован Џалев, ген.менаџер Интера Плус, Гевгелија Почитуван г-не Џалев, Стопанската комора на Македонија ги издава документите Certificate of Origin, и конкретно за Вашето барање можете да се обратите до Јагода Дабевска, тел: (02) 3244073, e-mail: jagoda@mchamber.mk, или до Лазе Ангелевски, тел: (02) 3244090, email: laze@mchamber.mk. Исто така повеќе информации можете да добиете на следниот линк: http://www.mchamber.mk/default.aspx?lId=1&mId=49 8. Се прашував дали би можеле да ме информирате дали е потребен ATA Carnet за транзит преку Србија и Хрватска. Настапуваме со музичка група на фестивал во Бања Лука, Босна и Херцеговина. До таму ќе патуваме со автобус преку Србија и Хрватска и ќе носиме музички инструменти. Дали е потребен ATA Carnet за истите? Се надевам на вашиот навремен одговор. Почитуван г-дине Никола, АТА-карнет Ви е потребен за секој привремен извоз од Македонија, заради евиденција на царинската контрола дека инструментите се привремено извезени од Македонија и повторно, во истата состојба ќе бидат вратени назад во Македонија. Исто така, бидејќи патувате со автобус, ќе Ви бидат обезбедени листови за транзит преку Србија и Хрватска. Ве поканувам да дојдете во Комората, на мезанинот во Вашата бизнис Канцеларија. Се што е потребно во врска со документите ќе Ви биде објаснето. 9. Ме интересира дали и како оди добивањето на легитимација за контролор во превозот на патниот сообраќај. Претходно бев упатен да се обратам во Стопанската комора на Македонија за ова прашање. Ви благодарам ! Проблематиката во врска со инспекцискиот надзор во патниот сообраќај е регулирана со Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл. Весник на РМ бр. 68/2004 и 127/20070). Согласно член 87 од Законот, Инспекцискиот надзор го врши Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски, преку државни инспектори за патен сообраќај. Инспекцискиот надзор на ниво на општина го вршат овластени инспектори за патен сообраќај на општините, односно на Градот Скопје. За државен инспектор, како и за овластени инспектори на ниво на општина, однсно на Градот Скопје, може да се назначи дипломиран сообраќаен инжинер со најмалку две години работно искуство во струката. Поконкретни одговори во врска со оваа проблематика може да се добијат во Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски (www.mtc.gov.mk) 10. Што е потребно за добивање на АТА карнет? АТА-карнетот може да се користи практично за сите стоки наменети за лична или професионална употреба, особено за трговски мостри, стручна опрема, саемски и изложбени експонати. 11. Што претставува Арбитражата при Стопанската комора на Македонија? При Стопанската комора на Македонија постои Постојан избран суд - Арбитража, како независен орган, кој може да решава за меѓусебните деловни спорови меѓу членовите на Комората, меѓу членови на Комората и трети лица, како и меѓу други правни лица од земјата и странство, ако странките ја договорат надлежноста на овој суд. Одлуките на Постојаниот избран суд - Арбитража се конечни и имаат сила на правосилна пресуда. Постојаниот избран суд - Арбитражата ги донесува одлуките во многу побрза постапка отколку што тоа е можно во постапка пред редовните (државните) судови. Постојаниот избран суд - Арбитража може да посредува и за спогодбено решавање на споровите што произлегле од деловните односи меѓу странките(медијација). За договарање на надлежноста на Арбитражата за решавање на евентуалните спорови меѓу деловните партнери, се препорачува во договорите да се внесува следнава клаузула: 12. Што потребно за да се добие дозвола или сертификат за лица за обезбедување на простории, луѓе и друго и каде може да се обратиме? Регистрација на трговска марка се врши во Државниот завод за индустриска сопственост. Јас препорачувам заштитата на трговската марка да ја извршите преку овластен застапник за заштита на права од индустриска сопственост. Во Државниот завод за индустриска сопственост можете да побарате листа на овластени застапници за заштита на права од индустриска сопственост и да одберете едно од наведените лица. Доколку сакате сами тоа да го сторите, обратете се во Заводот да Ве информираат кои документи се потребни, а можете да се информирате и од веб-страницата на Заводот која е дадена подолу. За започнување на постапката се поднесува пријава за заштита на трговската марка која содржи:
Други состојки и прилози кон пријавата
Ул. Вељко Влаховиќ 11 , 1000 Скопје 13. Дали може да добијам подетални информации околу верификација на дипломите од високото образование? Стопанската комора на Македонија нема надлежности за верификација на дипломи за високото образование. Надлежна институција за наведените дипломи и нивна верификација (нострификација) е Министерството за образование, каде постои служба за нострификација на дипломите за високото образование. Испратете прашање
Вашата e-mail адреса
Име
Презиме
Контакт телефон
Прашање
Област на која се однесува прашањето
![]() ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|