23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

14.10.2015 - 16.10.2015


Саем Белград,  Србија

12. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ECOFAIR“ и 11. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ЕНЕРГЕТИКА“, Белград, Република Србија


12. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ECOFAIR“
 и
11. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ЕНЕРГЕТИКА“

14-16 октомври 2015 година
Белград, Република Србија


     Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, ве поканува да ги посетите 12. Меѓународен саем „Ecofair“ и 11.  Меѓународен саем „Енергетика“, што ќе се одржат од 14 до 16 октомври 2015 година во Белград, Република Србија.

     Меѓународниот саем  „ЕНЕРГЕТИКА“ е најголем настан на годишно ниво којшто под покровителство на Министерството за енергетика и рударство на Р. Србија има за цел да ги собере сите компании, корпорации, институции и професионалци од областа на електричната енергија, јагленот, нафтата и гасот, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и рударството од  целиот регион.
     Програмската рамка на Саемот, во излагачкиот и во конференцискиот дел, ги вклучува сите тематски поднивоа - од научно-истражувачка работа, преку производство и експлоатација, се` до збогатување, дистрибуција, транспорт, складирање или непосредно користење на природните ресурси.

     Меѓународниот саем за заштита на животната средина и природните ресурси „EKOFAIR“, под покровителство на Министерството за земјоделие и заштита на животната средина на Р. Србија, е целосно посветен на системот за заштита на животната средина, со посебен акцент на „зелената економија“, рециклирањето, обновливите извори на енергија и управување со отпад.

     Деловното и едукативното мото на двата саема, коишто се воедно и најголеми и најрепрезентативни собири од ваков тип во овој дел од Европа, е „НОВА ЕНЕРГИЈА“, што има за цел да го поддржи глобалниот тренд за поддршка на одржливата егзистенција и напредокот на цивилизацијата.
Оваа година се очекува учество на повеќе од 150 директни и индиректни излагачи од десет странски земји, повеќе од 7000 посетители од  целиот регион.

     За време на саемите ќе бидат организирани и меѓународни конференции, тркалезни маси, панел-дискусии, предавања, најави и случувања коишто ќе се одржуваат во конференциските сали  и Хала 1 на Белградскиот саем, со тематики како што се:
- Регионална соработка во областа на енергетиката и заеднички настап на трети пазари;
- Енергетска ефикасност;
- Ден на инвестиции и партнери;
- Развој на рударството;
- Ден на еколошката интеграција и регионалниот развој;
- Управување со отпад, берза на отпадот и трговија со отпад и секундарни суровини;
- Употреба на отпадот во  енергетиката;
- Циркуларна економија во регионот;
- Ден на студентски стручни пракси и вработување.

     За подетални информации околу конференциската програма погледнете ја агендата во прилог.

     Сите заинтересирани компании, по пријавувањето во Стопанската комора на Македонија ќе имаат можност електронски да се пријават за деловни средби со веќе регистрираните учесници, со што воедно ќе им биде обезбедена и бесплатна влезница за Саемот, како и можност за резервација за присуство на конференциите.
     Сите пријавени учесници ќе бидат дополнително контактирани во врска со електронското пријавување.

     Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5.10.2015 година (понеделник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова
телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk   или

-  Војкан Николовски
телефон: +389 322 44 068, е-адреса: vojkan@mchamber.mk .

 Во прилог;


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk

Контакт: Војкан Николовски
Тел: ++ 389 2 3244068
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: vojkan@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права