17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

17.10.2018 (Семинар)
ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА СО ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

18.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународна конференција за текстил и деловни средби

Бизнис-настани

02.10.2018 - 07.10.2018


Советување Хотел „Пинета“ - Врсар, Истра ,  Хрватска

ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“


Интерактивна тренинг обука на тема:

ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА,
ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

2 - 7.10 2018 година
Хотел „Пинета“ - Врсар, Истра https://www.maistra.com/hotel-pineta-vrsar


          Стопанската комора на Македонија, од 2 до 7 октомври 2018 година, Ве поканува да земете учество на интерактивната тренинг обуката на тема: „Техники и методи на тимска работа, лидерство во тимот и креирање на идеи – „brainstorming“, што ќе се одржи во хотелот „Пинета“ - Врсар, Истра https://www.maistra.com/hotel-pineta-vrsar.

          Оваа тренинг обука претставува учење, надградување на знаењето, реални примери и интерактивна комуникација со учесниците низ следниве тематски целини:
- Причини за појава на добар однос;
- Тимска работа (хоризонтална и вертикална во компанијата);
- Креативност и задоволство во работата, конкретни совети за реално подобрување во   работата;
- Врска помеѓу мерење на перформанси и конфликт менаџмент;
- Brainstorming tools = try to generate solutions induividually (Алатки за создавање на идеи = обидете се да ги генерирате решенијата индивидуално).

           Тимската работа и креирањето на идеи претставува континуиран  процес кој е во корелација  со целите во организацијата и во кои учествуваат менаџментот и вработените. Предностите на оваа квалитативна врска претставуваат: зголемена мотивација; подобра комуникација; координација и креативност и јасно дефинирани цели.

           Обуката е дизајнирана да Ви помогне да ги разберете термините и да ги примените принципите на квалитативната врска помеѓу „Team Management“ - методологијата и „Brainstorming – modelling front man 2018“.

Целта на обуката е да се разработат темите кои се однесуваат на:
  - Управување во тимот;
  - Причини за појава на добар однос;
  - Идентификација на потреба од тимска работа;
  - Креативно планирање (цели, перформанси, приоритетни стратегии);
  - Хиерархија во тимот (системски, стратешки, тактички, оперативни);
  - Комуникациски вештини;
  - Флексибилна стратегија за управување и лидерски стилови;
  - Вештина на усогласување (одржлив консензус на сите засегнати страни);
  - Класичен и модерен метод за управување;
  - Личен систем на вредности и кореспонденција со останатите.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

• Управување со позитивен став;
• Причини за појава на креативност;
• Идентификација на реални ситуации;
• Креативно планирање (цели, перформанси, приоритетни стратегии);
• Вертикални и хоризонтални комуникации во организацијата, комуникацијата со клиентите и останатите деловни партнери;
• Вештини за управување;
• „Brainstorming idea“;
• Комуникациски вештини (конфликтни ситуации);
• Флексибилна стратегија за управување во тим;
• Вештина на усогласување (одржлив консензус на сите засегнати страни);
• Oдговорности и овластувања, како структура;
• Компетентност, како основа за добра комуникација;
• Сегрегација на должности во тимот;
• Класичен и модерен метод за управување со конфликти;
• Интерактивни вежби;
• Реални примери;
• Заеднички заклучоци и ставови;
• Научна основа и опис на методот;
• Вештина за интегрирање во тим и резолуција на конфликти во рамките на     работењето;
• Методологија за подобрување на корпоративните односи;
• Деловната комуникација и интерперсоналните односи во организацијата.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

          Интерактивната работилница/обука е наменетa за раководители на сите сектори во организациите и институциите (раководители на производство, раководители на финансии, раководители на човечки ресурси, раководители на правна служба, раководители на продажба, раководители на комерција, раководители на набавка, како и останатите вработени во истите сектори,  извршните асистенти и останатите вработени кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

Предавач:

- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 23 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје

АРАНЖМАН:
Сместување и превоз
- Цената за сместување во хотел во Сараево и во Врсар - Истра во двокреветна соба, по учесник, изнесува 26.040 денари.
- За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 3.720 денари.
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта.)

Котизација за обуката:
- Котизацијата за интерактивната тренинг обука изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ).
Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 20% попуст на котизацијата.
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје – Сараево – Врсар - Скопје  (тргнување на 2 октомври 2018 година, во 6:00 часот и враќање  на 7 октомври 2018 година во вечерните часови.
- 1 ноќевање во хотел во Сараево, Босна и Херцеговина;
- 3 ноќевања со доручек во хотел во Врсар, Истра;
- користење на SPA и welness центарот, базен, интернет, фитнес клуб кој е на располагање на хотелот;
- посета на Пула;
- користење конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузата на обуката;
- посета на Загреб.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци.

* Последен рок за пријавување: 31 август јули 2018 година.

       Пријавувањето за обуката после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот „Пинета“ - Врсар, Истра https://www.maistra.com/hotel-pineta-vrsar

Минимален број за реализирање на оваа обуката е 15 учесници.
     
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат за присуство на обуката.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права