19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

21.01.2019


Актуелно  

EФЕКТИ ОД ОБЈАВЕНИТЕ МЕРКИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УВОЗОТ НА ОДРЕДЕНИ ЧЕЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА


Oбјавените конечни заштитни мерки за увоз на одредени челични производи во Европската унија, кои ќе се применуваат во наредните три години почнувајќи од февруари 2019 година, а коишто на 15 јануари ги објави Европската комисија, беа тема на прес-конференцијата одржана во Стопанската комора на Македонија (21.01.2019 година).

-Уште во приодот кога беше најавено дека времените заштитни мерки, кои беа на сила од јуни минатата година, ќе продолжат и во наредните три години, внесе сериозна загриженост кај засегнатите компании од челичниот сектор, - истакна д-р Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Комората.

Коморски Инвестициски Форум

Производителите на челични цевки „ИГМ Трејд“, ФЗЦ „11 Октомври“ и „Металопромет“, за кои се предвидени национални квоти базирани на испораки во периодот 2015-2017 година и кои 2018 година ќе ја завршат со пласман над тој тригодишен просек, би имале квота помала за цца 70.000 тони, што би претставувало намалување на приходите за цца 45,0 милиони евра.

Производителите на метални цевки поради истрошените квоти од времените мерки кон крајот на минатата година веќе почнаа со редуцирање на  производството.

Покрај заштитните мерки на Европската унија за ограничување на увоз на челични производи од Република Македонија, производителите на метални цевки дополнително се оптоварени и со  антидампинг постапка за увозот на заварени цевки, цевки и шупливи профили од квадратен или правоаголен пресек од железо, којашто во моментот е во тек.

За производителот за топловалани дебели лимови „Макстил“ е предвидена глобална квота, базирана на испораките во ЕУ во периодот 2015-2017 година,  од која кога ќе се изземат определените максимуми за Украина, Јужна Кореја, Русија и Индија, останува количина од 1,2 милиони тони за сите останати земји. Тоа  носи реално стравување дека нема да можат да бидат реализирани испораките за 2018 година заради малата годишна квота. Доколку испораките во 2019 година би биле сведени на околу 100.000 тони годишно, значително помалку од оваа година, намалените можности за пласман би значеле помали испораки на годишно ниво од 120.000 тони, или редуцирано 4,5 месечно производство.

Финансиските реперкусии само од нереализираната додадена вредност  би биле 25,0 милиони евра,  односно 78,0 милиони евра по полната продажна цена на лимовите.

За производителот на ладновалани, пластифицирани и поцинкувани лимови „Арчелор Митал“, кој од скоро има нов сопственик, е предвидена национална квота за пластифицираните лимови и новина е што е предвидена глобална квота за ладноваланите лимови. Во сегментот на пластифицирани и поцинкувани лимови се очекува намалено производство за околу 11.000 тони за цело времетраење на мерките, вкупна изгубена продажба за овој сегмент 24 милиони евра, со тоа што намаленото производство  би влијаело на зголемување на фиксните трошоци по тон, а со тоа и на целокупната профитабилност и рентабилност на производството. Во сегментот на ладновалани лимови загубата би била 24 милиони евра.

Овие ограничувања на увозот во ЕУ, во отсуство на други алтернативни решенија создаваат сериозни проблеми во компаниите: нереализирани приходи, зголемени фиксни трошоци по единица производ, редуцирање на производството, отежнато договарање на комерцијалните аранжмани на подолг рок. Се доведуваат во прашање започнатите и предвидените инвестициони вложувања, ќе се предизвикаат одредени проблеми со вработените и нема да застанат само тука, туку ќе се прошират и кај останатите поврзани компании во синџирот на снабдувањето со што негативните последици повеќекратно ќе се мултиплицираат.

Понатаму во своето излагање д-р Митко Кочовски ги истакна активностите кои беа преземени во однос на овие заштитни мерки и посебно ја истакна добрата соработка остварена со надлежните институции во однос на ова прашање. Во периодот на  консултациите, кога веќе не може реално да се очекува изземање на нашата челична индустрија од овие заштитни мерки, беше побарано квотите да се одредат на ниво на преткризните години од работењето на компаниите, можноста да се користи глобалната квота по искористувањето на државната квота во третиот наместо во последниот квартал.

Во услови кога над 60% од националното производство на челик и челични производи се реализира на ЕУ-пазарот и кога нема друг развиен алтернативен пазар, заштитните мерки ќе имаат големо негативно влијание врз овој индустриски сектор, но и врз целата македонска економија. 

 

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права