ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести_stari
01.05.2019 👁 Прочитано: 2072

80% ОД НЕВРАБОТЕНИТЕ СЕ ДОЛГОРОЧНО НЕВРАБОТЕНИ, КАКО ОДРАЗ НА НЕУСОГЛАСЕНОСТ НА ВЕШТИНИТЕ И КОМПЕТЕНЦИИТЕ


Затoа треба да се работи на предизвици за успешна имплементација на дуалното образование.
На Tрибината на тема: „Предизвици за подобрување на дуалното образование – идни чекори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската бизнис асоцијација, беа донесени заклучни поенти и следни чекори и препораки на кои ќе се работи:

• Системско решавање на дуалното образование преку измени и дополнување на постојниот Закон за стручно образование и обука и останатите закони кои го третираат дуалното образование;
• Прецизирање на улогите на чинителите во обезбедување на дуалното образование;
• Измена на уписната политика од страна на Министерството за образование и наука и предвидување високи критериуми, за гимназиско образование и за одредени квалификации во стручното образование и обука (во сектор здравство и социјална заштита, економија, право и трговија); 
• Измена на уписната политика и квотите за упис во високото образование; 
• Рационализација и соодветна реалокација на мрежата на стручни училишта; 
• Кампањи за подигање на свеста на родителите за стручно образование на нивните деца;
• Кариерно советување уште во основно образование за насочување на учениците кон образование за кое има можности, амбиции и талент.

Учесници на трибината беа личности кои директно, од различни страни, се вклучени во процесите на обезбедување стручен и квалификуван кадар со цел да се задоволат потребите од работна сила на бизнис секторот, имајќи предвид дека околу 80% од невработените се долгорочно невработени, како одраз на неусогласеност на вештините и компетенциите.

80% ОД НЕВРАБОТЕНИТЕ СЕ ДОЛГОРОЧНО НЕВРАБОТЕНИ, КАКО ОДРАЗ НА НЕУСОГЛАСЕНОСТ НА ВЕШТИНИТЕ И КОМПЕТЕНЦИИТЕ