23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

17.12.2018


Актуелно  

2019


Branko AzeskiБранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум

Крајот на една календарска година обично со себе поведува процес на критичко осврнување наназад. На овие страници на „Слободен печат“ повеќе од шест месеци направив еден експеримент и пишував за предизвиците на македонската економија, перспективите на регионалната соработка изразени низ работата на Коморскиот инвестициски форум, но и за низа позитивни примери во економијата кои треба да се одбележат.

Идејата дојде сосема случајно кога направивме анализа колку нашите иницијативи и со која брзина го здогледуваат светлото на денот таму каде што се наменети – за Владата на Република Македонија. Ние не бевме задоволни ниту од брзината, ниту од повратниот ефект. Тоа уште еднаш нé увери дека треба да го актуелизираме прашањето за дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор и регулирањето на односите меѓу државата и бизнисот.

Наредната година ни претстојат многу предизвици на тој план за да можеме на крајот идната година да ја наречеме година на бизнисот. Ние сме подготвени максимално да учествуваме во тој процес со сиот свој капацитет, искуство и знаење. За тоа имаме создадено и добри предуслови. Постигнат е потребниот консензус за моделот на економските политики со кои приоритет ќе добијат диверзификацијата на извозот и реиндустријализацијата.

Независноста на монетарната власт нема да биде доведена во прашање, ќе се работи стратегија за забрзан и одржлив раст, ќе го отвориме прашањето за единствен и моќен коморски систем, и се надеваме дека ќе станеме членка на НАТО. За таа цел, Стопанската комора на Македонија во новата година го засилува својот тим со вистински лидери во своите сектори, кои минатата недела беа избрани во органите на Комората: Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ Банка“ - Скопје, Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска Пиварница“, Гоце Вангеловски, генерален директор на „Кроација осигурување“, Катерина Бошевска, генерален директор на „ЕОС Матрикс“ и Нина Ангеловска, основач и директор на „Групер“. Убеден сум дека нивното искуство, но и ентузијазмот ќе придонесат за поуспешно работење на нашите органи. Нека им е честито раководењето со најстарата и најголема бизнис асоцијација.

П.С. Сето ова зборува дека бизнисот мора да побара посилна поддршка од медиумите и од јавноста. Затоа му се заблагодаруваме на „Слободен печат“ што ни даде можност да ги искажеме нашите ставови, но нема да се срамиме да побараме помош и во текот на наредната година, во која ќе се решаваат крупни прашања за економијата. 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права