23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

24.09.2018


Ставови  

СТАВ: ВРЕМЕ Е УЧЕСТВОТО НА ИЗВОЗОТ ВО БДП ДА СЕ ТАРГЕТИРА НА 70%


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Во истражувањето кое по барање на Стопанската комора на Македонија минатата година го спроведе Виенскиот институт за меѓународни економски студии, истражувачкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Глигоров посочи дека ако сакаме македонската економија да забележи подинамичен економски раст, потребно е учеството на извозот во БДП да биде над 70%. Во моментот таа бројка не надминува 50% од БДП. Меѓутоа, тука има и друг проблем - учеството на извозот на РМ во земјите од ЕУ во 2017 година изнесува 81,1%, а на увозот 62,9%. Тоа значи дека нашата трговска размена со земјите од ЦЕФТА регионот изнесува 10-12%, со ЕФТА околу 1%, ЗНД од 1-2%.

Бројките јасно покажуваат дека соработката со земјите-членки на ЦЕФТА Договорот (Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово) мора да се зајакне, бидејќи тоа е услов за пошироките европски интеграции. Во 2007 година, непосредно по склучувањето на ЦЕФТА-Договорот, учеството на размената со земјите од ЦЕФТА во вкупната трговија на Македонија со светот изнесуваше 18,7%, а денес таа е сведена на 10-12%.

Нема никакви дилеми дека единствен извор за одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан кој ќе ги приближи кон земјите од ЕУ е токму интензивирање на регионалната економска интеграција и зголемувањето на трговската соработка во рамки на регионот. За достигнување на посакуваните стапки на раст, македонската економија мора да ја зголеми својата продуктивност преку искористување на економијата од обем со поголема регионална и меѓународна интеграција, и активностите континуирано мора да ги насочуваме во правецот кон зајакнување на регионалната соработка. Само на тој начин може да биде остварливо достигнувањето на таргетот учеството на извозот во БДП да биде над 70%.

п.с. Ја користам приликата на г-дин Штерјо Наков, кој долги години е посветен на коморското организирање и работење во Република Македонија, во името на Стопанската комора на Македонија да му го честитам 70-от роденден. Не се сомневам дека во него има уште многу бизнис и коморски идеи, кои можат да бидат суштина на нашето понатамошно дејствување.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права