30.03.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар:„Практична примена на Законот за управување со електричнаи електронска опрема (права, одговорности, отворени прашања, информации)“

30.03.2015 (Семинар)
„Примената на електронската архива (e-archive) во пракса”

02.04.2015 (Семинар)
„Закон за прекршоци во делот на правните институти потребни за изрекување на опомена, полесни прекршочни санкции , времено одлагање од извршување на глоба, сукцесивно извршување на глоба, правила за одмерување на санкција и Закон за работни однос

03.04.2015 (Семинар)
„Благајничко работење, НАЈНОВИ измени на Законот за пресметка на хонорари и надоместоци на физички лица по договори и платен промет со странство“

07.04.2015 (Бизнис средби)
Бизнис средби во Тирана, Р. Албанија

07.04.2015 (Семинар)
„ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“

09.04.2015 (Саем)
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА И ТЕХНОЛОГИИ

15.04.2015 (Саем)
„117th China Import and Export Fair - Canton Fair 2015“

16.04.2015 (Конференција)
XXII Меѓународна научно-техничка конференција "Леарство 2015, 16 и 17 април 2015 година во Плевен, Р.Бугарија

22.04.2015 (Саем)
„Renexpo® Western Balkans“-Mеѓународен саем и конференција

23.04.2015 (Семинар)
Советување на тема:„Стратешки однос на компаниите и банките“

06.06.2015 (Настан)
MЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ВО ТЕХЕРАН

Основни информации

Здружение на трговијата


Здружението на трговијата е стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку кој членовите на Комората од дејноста на трговијата, самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за соодветната дејност.

Здружението ги обединува и артикулира интересите на правните субјекти кај кои претежна дејност е трговијата на големо или трговијата на мало.

Членките во здружението имаат можност согласно своите потреби и интереси да формираат постојани организациони форми преку кои ќе ги идентификуваат, дефинираат и сублимираат специфичните интереси.

Основни цели и задачи на ова Здружение пред се’ се:

 
  • разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
  • усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
  • усвојување заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
  • разгледување предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
  • иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората;
  • унапредување на бизнис-климата во земјата, преку поттикнување на имплементација на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
  • ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.
  • градењето на стабилни и продлабочени партнерски односи со надлежните државни органи и институции, а особено со Министерството за економија и надлежните инспекциски органи, во функција на создавање здрава клима на лојална конкурентска основа.

Соработката и партнерскиот однос со надлежните државни органи и институции е од посебно значење, чиј бенефит би бил во можноста за проактивна превенција во донесувањето и спроведувањето на законската и подзаконската регулатива, во сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција на пазарот и сл.. Ваквата соработка резултира со зголемена ефикасност, добра стопанска клима, континуран пораст на квалитетот и економски просперитет.

Придобивките од партнерскиот однос треба да бидат взаемни.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Лазо Ангелевски
Тел: (02) 3244090 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk

Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права