28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.07.2018


Актуелно  

ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ


На прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија беа истакнати проектите кои имаат за цел зголемување на конкурентноста на македонските компании, а се реализираат преку програмите на Европската унија (9.7.2018 година).

Зголемувањето на капацитетите и конкурентноста на компаниите е еден од главните приоритети на Стопанската комора на Македонија, и во таа насока се реализираат активности поврзани со проекти од фондовите на Европската унија, коишто треба да придонесат за креирање на алатки и услуги кои ќе ги поттикнат растот, иновативноста, извозните капацитети  и конкурентноста на самите компании.

„Како резултат на малата искористеност на европските фондови од страна на компаниите, Комората користејќи ги своите можности и капацитети во моментот реализира бројни проекти кои се во насока на поддршка на поединечни сектори, зависно од расположивите програми на Европската унија, креирајќи дополнителни можности за самите компании да го подигнат својот капацитет, да го зголемат капацитетот на своите вработени или конкретно да им се помогне на компаниите да креираат нови иновативни производи кои се барани на европските пазари, или нови технолошки процеси кои ќе ги задоволат стандардите и барањата за конкурентни извозни можности“, - истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање  дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите од  1 мај 2018 година започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE). Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).

Активностите што ќе се реализираат во следниот период се планирани во повеќе области со цел постигнување поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на проектот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност. Во таа смисла, Проектот „ TRAINEE“ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два реализирани проекта од страна на Стопанската комора на Македонија како што беше Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“, каде повеќе од 300 работници поминаа обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници се здобија со сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини. Во рамките на првиот проект „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“ беа реализирани и  развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари. И двата проекта придонесоа за подигање на капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби.

Во Проектот кој се спроведува во моментот - „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), а со цел  да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Примената на „БИМ“-алатката, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, ќе се спроведе со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на „БИМ“-алатките да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.

Преку активности во рамките на Проектот ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење на квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на законодавството, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби.

Областите каде се очекува Проектот да има влијание се групирани во 2 групи:
-креирање политики за одржливо градење: предлози за интервенции во законодавството со поттикнување на примена на Правилникот за енергетски карактеристики на градби, предлог-методологија за препознавање на претходно учење, предлог-патоказ за воведување на „БИМ“ (алатки за информациско моделирање на градби) на национално ниво. Овие проектни резултати како директни корисници ги имаат министерствата за економија и за образование и наука. Бројот на индиректни корисници може да достигне и до 100.000 сопственици на станови кои се предмет на издавање (а кои треба да ги следат одредбите од споменатиот Правилник за енергетски карактеристики на градби), како и околу 5000 нови сопственици на станови, колку што е бројот на новоизградени станови годишно. Вреди да се вбројат и околу 1000 невработени лица годишно кои може да се вклучат во програмите за преквалификација на националната агенција за вработување.

Втора област каде се очекува Проектот да има влијание е градењето капацитети и вештини во насока на градење технички вештини, како и влијанието на пазарот.

Градењето капацитети на техничките вештини се однесува на подготовка на иновативни шеми за обука и стекнување  квалификации преку неформалното образование, со што како потенцијални корисници би биле опфатени: 200 градежни компании, 100 провајдери на неформално образование, 4000 градежни професионалци и 9600 градежни работници (бројки дефинирани во Патоказот за развој на вештини за енергетска ефикасност).

Влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на „БИМ“-алатките и  градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар на знаење, како основен резултат од Проектот, кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на проектот, за што ќе биде изготвен и бизнис-план за истиот.

Вториот проект кој во моментот се спроведува во Стопанската комора на Македонија и е во партнерство со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, наменет е за подигање на капацитетите и конкурентските способности на електрометалната индустрија  и воведување системи во самите компании за создавање нови производи, воведување нови технолошки процеси или воведување стандарди кои ќе овозможат соработка со постојните и идни странски инвеститори во Македонија.

Проектот  „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ се реализира во рамките на ИПА-Програмата во делот на конкурентност и ќе се спроведува во следните две години.

Главната цел е подобрување на изведбата на одредени компании во Република Македонија со цел да бидат поконкурентни и да бидат способни подобро да соработуваат со странските директни инвестиции (но исто така и со други странски компании, што значи дека се подигаат и нивните капацитети за извоз).

Во рамките на овој проект ќе се спроведат теоретски и практични обуки во самите компании, кои, по претходно изготвена анализа, покажаа интерес и способност за конкретна соработка со компаниите кои се дел од странските инвеститори во државата.

Конкретно ќе биде реализирана обука на вработените во 10-15 компании со врвни пристапи кон новите модели на менаџмент, како и  индустриските проекти во 5 компании во траење од 10-12 месеци, што треба да претставуваат мост и елиминирање на пречките за соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании. Како резултат на Проектот компаниите кои ќе бидат обучени треба да реализираат конкретна соработка со некоја од компаниите кои се странска инвестиција во Македонија.

Долгорочно со овој проект се очекува раст на конкурентноста на домашните компании од металната и електрометалната индустрија и зголемување на вработувањата во овој сектор, како и постигнување на високо ниво на спроведување на современи модели на менаџмент.

Паралелно со овие два проекта во Стопанската комора на Македонија се реализира Проект кој е насочен кон подобрување на капацитетите на компаниите за спроведување на регулативите, УСАИД Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, каде главни бизнис сектори кои се опфатени со овој проект  се:  земјоделието и прехранбената индустрија, текстилот, градежништвото, ИТ и  туризмот, каде детално се анализирани сите регулативи за овие сектори, но искуствата покажаа дека и останатите сектори имаат потреба од оваа поддршка.

Преку овој проект каде Стопанската комора на Македонија е партнер заедно со останатите стопански комори целиме кон подобра информираност и поддршка на компаниите во делот на спроведување на законската регулатива, со цел да се намалат прекршоците и да се зголеми капацитетот на компаниите за подобра имлементација на законите.

Преку бројни активности, како што се информативни настани и форуми по одредени теми од интерес на компаниите, преку ваучер-шемата каде компаниите добиваат конкретна поддршка во имплементација на одредена законска регулатива, преку веќе воспоставениот агрегатен портал БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК каде компаниите добиваат информации поврзани со законите во РМ и поддршка во нивната имплементација, преку воспоставување на јавно приватен дијалог со владините институции со цел презентирање на конкретни проблеми со кои се соочуваат компаниите од аспект на проблеми во имплементација на законите и нивно решавање, и преку конкретни компаративни анализи и предлог-конкретни решенија овој проект цели кон воспоставување на подобро бизнис опкружување.

Ова се дел од проектите кои во моментот ги спроведува Стопанската комора на Македонија, а се во интерес на креирање алатки за подигање на конкурентноста на македонските компании. Во идниот период се очекува  отворање на дополнителни фондови од страна на ЕУ,  кои ќе бидат во насока на јакнење на конкурентските способности на економијата.

Јадранка Аризанковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права