23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

28.12.2018


Актуелно  

ПОТРЕБЕН Е ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ


Согласно најавата за седница бр. 78 на Собранието на Р. Македонија, закажана на 28.12.2018 година во 13:00 часот, на која на дневен ред е единствена точката: Дополнет Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни  медиумски услуги (понатаму ЗААВМУ) - II читање, операторите на јавни комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси (понатаму: оператори), на 27.12.2018 година, одржаа состанок на покана на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија, на која беа присутни претставниците на сите оператори.

Благој Христов

На состанокот се разгледа предлогот на ЗААВМУ согласно последните достапни информации за материјалите достапни на веб-страната на Собранието на РМ, со посебен осврт на измените на член 143, став 3 и 4, како и член 47, со коишто се предлагаат преодни и завршни одредби во однос на примената на член 143.

Во дискусијата во која учествуваа претставниците на операторите се донесоа следните Заклучоци:

1. Со предложените одредби се предвидува воведување одговорност на страна на операторите за реемитувани програми која е без преседан и која е целосно спротивна на суштината на дефиницијата на поимот - реемитување утврдена со Закон, во услови кога операторите ниту имаат уредувачка одговорност ниту контрола врз реемитуваните програми која во целост припаѓа на страна на радиодифузерите.

2. Предложените одредби воведуваат целосна дискриминација на странските радиодифузери наспроти домашните радиодифузери по однос на обврските кои тие треба да ги исполнат за да може да бидат реемитувани на територијата на РМ, со што практично ќе се стави ненадминлива пречка за реемитување на странски ТВ-програми, а  се спротивни на ЕУ Директивата за реемитување и Директивата за телевизија без граници.

Благој Христов

3. Доколку се усвојат предложените измени, операторите ќе бидат доведени до ситуација да не можат да реемитуваат странски ТВ-програми, што ќе резултира со катастрофално назадување на изборот на претплатниците за следење на програмски содржини, поради фактот што најмалку 5/6 од постојните програмски пакети содржат странски ТВ-програми. Ова би придонело за сведување на достапните програмските пакети само на локални содржини, односно тотален „медиумски мрак“.

4. Со овие одредби се прекршуваат сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ и на постојните законски решенија по однос на слобода на изразување и телевизии без граници.

5. Членот 47 е потполно нејасен и доведува до сериозна правна несигурност во работењето на операторите.

6. Од погоре наведените факти и аргументи, сите оператори се согласни и предлагаат бришење на овие одредби од страна на предлагачот. 

За Заклучоците на Здружението на информатичко-комуникациски технологии  при Стопанската комора на Македонија соодветно ќе се информираат претставниците на Делегацијата на ЕУ во РМ, Делегацијата на ОБСЕ и релевантните амбасади во РМ (засегнати од примената на ваквиот Предлог-закон).

Благој Христов

Доколку дојде до изгласување на овие предложени законски решенија во Собранието на Република Македонија, операторите ќе бидат приморани согласно законските норми да ги исклучат странските програмски сервиси/канали кои ги реемитуваат и тоа исклучување ќе трае се` додека не се променат спорните законски одредби.

Лазо Ангелевски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права