ПОВИК ВО РАМКИ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
👁 Прочитано: 2305


Последен повик во рамки на Хоризонт 2020 во рамки на програмата за период 2014-2020 година за аплицирање на проекти во фаза1 и фаза 2 на Инструментот за мали и средни претпријатија (SME Instrument)
ПОВИК ВО РАМКИ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Инструментот за мали и средни претпријатија или СМЕ инструмент како една од најповолните алатки за компаниите во форма на грант e достапен како дел од програмата Хоризонт 2020, а тоа е инструмент кој континуирано има отворен повик за компаниите да аплицираат на проекти и е единствен инструмент каде компаниите можат сами да аплицираат и не е потребно партнерство.

Последниот повик кој го објави Европската комисија (ЕК) за програмскиот период 2014-2020 е насочен кон подигање на конкурентните и технолошки предности на компаниите за постигнување на целите дефинирани во новата стратегија на ЕУ наречена Европски Зелен Договор односно проектите кои ќе се аплицирааат во рамки на овој инструмент треба да покажат дека ќе придонесат за економски одржлив развој на ниво на Европската унија.

Дополнително, повикот е објавен и како поддршка на компаниите за одржување на конкурентноста и во период на здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид-19 и поддршка во инвестиции во напредни дигитални технолошки решенија.

Компаниите можат да аплицираат посебно во Фаза 1 и во Фаза 2. Во Фаза 1 предлог проектите се финасираат до 50.000 евра, и се однесуваат  пред се во поддршка на подготовка на бизнис развојни и инвестициски планови, подготовка на техничка и инвестициона документација како и поддршка во имплементација на одредени стандарди. Ко-финасирањето е 100% од страна на ЕК и временските проекти треба да се реализираат во рамки на 6 месеци.

Во Фаза 2 компаниите можат да аплицираат за инвестициски проекти, во процеси на истражување поврзани со создавање на нови иновативни производи кои во себе содржат висок ризик на реализација но потенцијал за развој, производствени процеси или услуги, а предлог проектите се финасираат до 2.500.000 евра во времетраење од најмногу 24 месеци. Како и во Фаза 1 така и во Фаза 2, проектите треба да се во согласност со целите дефинирани во новата стратегија на ЕУ наречена Европски Зелен Договор или во инвестиции во напредни дигитални технолошки решенија.

Зголемувањето на капацитетите и конкурентноста на компаниите е еден од главните приоритети на Стопанската комора на Македонија, и во таа насока се реализираат активности поврзани со проекти од фондовите на Европската унија, коишто треба да придонесат за креирање на алатки и услуги кои ќе ги поттикнат растот, иновативноста, извозните капацитети и конкурентноста на македонските  компании.

Следниот седум-годишен период на Европската комисија, за период 2021-2027 година како дел од новата програма Хоризонт Европа, исто така предвидува Инструмент за мали и средни иновативни компании кој ќе се реализира преку поддпрограмата на Европскиот иновациски совет.

Повикот СМЕ Инструмент (SME Instrument) можете да го најдете на следниот линк: Повик СМЕ Инструмент.

 

 

Јадранка Аризанковска
виш советник во Стопанска комора на Македонија