Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор - НИКОЛА ЉУШЕВ, „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ АД СКОПЈЕ
➢ Актуелно (05.08.2020)
👁 Прочитано: 1445



Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор -  НИКОЛА ЉУШЕВ, „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ АД СКОПЈЕ

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор, дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата обезбедува услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, портфолио на конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни  Cloud и ИКТ решенија.

Како водечки технолошки лидер, Македонски Телеком е прва компанија во Европа и во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосна базирана на интернет протокол. Во 2013 година, компанијата прва на пазарот ја воведе и 4G мрежата. Со инвестициите во оптиката придонесоа повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија да имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа на Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија.

Македонски Телеком во ноември 2019 година ја постави првата тестна 5G  мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови.

Како главен извршен директор на Македонски Телеком АД Скопје, Дојче Телеком групацијата, г-дин Никола Љушев искуството и достигнувањата од своето работно портфолио несебично го применува за надградување на успешното работење на овој значаен телекомуникациски оператор.

 Господинот Никола Љушев е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020 – 2025.

 

 

Служба за информирање при Комората