НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 27.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (27.09.2020)
👁 Прочитано: 1051


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 27.09.
27.09.1389 година, роден е Козимо де Медичи, владетел на Фиренца.
27.09.1529 година, Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена.
27.09.1822 година, Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета.
27.09.1825 годиан, англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа.
27.09.1854 година, во Атлантскиот Океан потонал бродот „Арктик“ со околу 300 патници.
27.09.1905 година, списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија?“, каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc².
27.09.1908 година, во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов.
27.09.1972 година, родена е Гвинет Палтроу, американска глумица.
27.09.1994 година, Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
27.09.1994 година, во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.
27.09.1995 година, Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка.
Служба за информирање при Комората