МАРИН ВЕЛКОВСКИ МЕЃУ 40-ТЕ НАЈУСПЕШНИ И НАЈАМБИЦИОНИ МЕНАЏЕРИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

   

👁 Прочитано: 381


МАРИН ВЕЛКОВСКИ МЕЃУ 40-ТЕ НАЈУСПЕШНИ И НАЈАМБИЦИОНИ МЕНАЏЕРИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Марин Велковски е избран помеѓу 40-те најуспешни и најамбициони менаџери во Југоисточна Европа и ја доби престижната награда Business Elite’s “40under40”, на церемонија која што беше одржана во Амстердам, на 23-ти Октомври. Гала вечерта организирана од Канадската Top Global Brands Awards е реализирана во музеј куќата Huis Bartolotti. Учесниците од 10 земји остварија меѓусебни бизнис корелации, со главен акцент на вмрежувањето и идната соработка во неколку полиња.

Компанијата “Ана Ком Дооел” - Скопје е присутна на македонскиот пазар од 2001-та година, и е најголемиот увозник на замрзнато пилешко месо во Македонија. Наградата ја претставува индивидуалната и тимска посветеност на компанијата. Компанијата веќе неколку години е дел од најуспешните компании и носител на сертификатот Excellent-sme за најуспешни компании.

“Претставува огромна чест и задоволство да се добие вакво признание. Доказ повеќе дека континуираниот прогрес и вложување во себе, може да не донесе до зацртаната цел. Секоја награда е олицетворение на минатите падови и успеси, и сигурно е мотив повеќе кон следната поставена цел” – вели М-р Марин Велковски, менаџер за увоз во компанијата “Ана Ком Дооел” – Скопје. Член на Стопанска комора на Македонија, и три години учесник во Клубот на менаџери и претприемачи при Комората.