ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
08.07.2019 👁 Прочитано: 797

ВИЛА „МИКЕНА“ - НОВ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО БИТОЛА


ВИЛА „МИКЕНА“ - НОВ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО БИТОЛАКомпанијата „Ангромаркет“ продолжува со инвестиции во угостителството, отворајќи го вториот по ред хотел – Вила „Микена“, лоциран на излезот од Битола, кај поранешната печатница „Микена“.

Угостителскиот објект е лоциран на влезот на Битола, во подножјето на Пелистер и патот за Охрид. Има капацитет од 18 комплетно уредени соби  со 2, 3 и  4 легла. Идејата за новата инвестиција во угостителскиот бизнис е резултат на порастот на интересот за угостителски објекти за сместување во регионот и пораст на бројот гостите во Битола и околината, корисници на услугите.

Вкупната вредност на новата инвестиција во Вила „Микена“ е околу 1 милион евра. „Ангромаркет“ веќе го има во сопственост постојниот Хотел „Лозар“, кој располага со 24 соби.

Инаку, компанијата „Ангромаркет“ постои на регионалниот пазар веќе 20 години, со активно делување во малопродажбата. Има сопствени супермаркети, 11 во битолскиот регион. Како сестринска компанија е печатницата „Карачи“ и производството на термофолија, во чиј склоп се наоѓа и претходно отворената винарница, Хотелот „Лозар“ со инвестиција од 1,5 милиони евра.

м-р Никола Димковски

ВИЛА „МИКЕНА“ - НОВ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО БИТОЛА