ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
04.07.2019 👁 Прочитано: 671

„ПИВАРА СКОПЈЕ“ - ТРАДИЦИОНАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА ГАЛИЧКА СВАДБА


По 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба од 12 - 14 јули. 

Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентична манифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагатели. Еден од нив е компанијата „Пивара Скопје“, која е партнер на манифестацијата од нејзините почетоци и која, и оваа година, покрај финансиска поддршка, обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио за сите учесници во свадбeната церемонија.

„Горди сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство. Им честитам на младенците и во оваа пригода би сакал да наздравиме за нивната љубов, среќа и бериќет, како и за пријателството и заедништвото кои нѐ поврзуваат и зближуваат“, вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.

Покровител на годинешната Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски.

Како и секоја година, почетокот на годинешната Галичка свадба ќе биде означен в сабота, на 13 јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши в недела, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Традиционално, со одржувањето на Галичката свадба ќе се означи и почетокот на „Галичкото културно лето“, кое и овој пат се очекува да понуди најразлични забавни и музички содржини, прилагодени за сите генерации посетители.

За да можат сите посетители да уживаат во убавината и автентичноста на годинешната Галичка свадба, во деновите на одржување на манифестацијата, особено в недела, ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, за кој организаторите апелираат доследно да се почитува. Кон ваквиот апел се приклучи и претставникот на „Пивара Скопје“ кој ги повика сите посетители да консумираат алкохол одговорно, да возат безбедно и да се грижат максимално за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина, стои во официјалното соопштение од „Пивара Скопје“.

„ПИВАРА СКОПЈЕ“ - ТРАДИЦИОНАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА ГАЛИЧКА СВАДБА
„ПИВАРА СКОПЈЕ“ - ТРАДИЦИОНАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА ГАЛИЧКА СВАДБА
„ПИВАРА СКОПЈЕ“ - ТРАДИЦИОНАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА ГАЛИЧКА СВАДБА