ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
28.06.2019 👁 Прочитано: 284

Прилепски „Водовод“ со најсофистицирана опрема за квалитетот на услугите


Прилепски „Водовод и канализација“ денеска ги претстави Географско-информатичлкиот систем (ГИС) и најсовремената опрема што ја набави за полесно функционирање на претпријатието и за зголемување на квалитетот на услугите.

ГИС-ситемот и опремата главно служат за детектирање на состојбите со водоводната и канализациската мрежа, навремено отркивање на дефектите за намалување на губитоците на водата во системот и за подобрување на квалиетот на услугите. Целата инвестиција од околу 160 000 евра е на Јавото претпријатие со рефундирање 85 проценти од средствата преку европските фондови.

Според директорот на „Водовод и канализација“ Емил Јанески, Прилеп доби најсофистицирана опрема, единствна во земјава и на Балканот, за соврермено функционирање на претпријатието и подобар квалитет на услугите.

– Овој ГИС-ситем претставува софтвер, дизајниран за собирање, складирање, чување, манипулирање, за анализа и за управување со податоците за инфраструктурата на претпријатијата и на институциите. ГИС- системот претставува збир на просторни податоци кои се однесуваат на подземните инсталации, на катастарските подлоги и на сателитските снимки. Ова претставува можност за интегрирано управување со овие просторни податоци, или едноставно речено – од денес ние имаме можност да ги собереме податоците од целата подземна инфраструктура, за сите инсталации, за дефектите кои настануваат во водоводнта и во канализационата мрежа, за начинот на кој ги санираме дефектите. Ќе имаме адресар за секој корисник, ќе ги следиме состојбите на водомерите, на плаќањето на сметките и ситед руги информации, објаснува Јанески. Покрај овој Систем, претпријатието набави и најсовремена опрема.

-Имаме и друга опрема, дел набавена со сопствени средства, дел со средства од проектот „Балкан медитераниан вотер енерџи сајкл“. Набавивме геоскенер за сите подземни инсталации, со моќност до 8 метри под земја со радиус од 15 метри со можност да детектира дали водоводната цевка е под притисок или е празна, потоа камера за детекција на девијации во канализационата мрежа. Набавивме и опрема за детекција на губитоците на водата поради дефекти. На овој начин не треба да чекаме при дефекто0т водата да излез на површината, туку правовремено да реагираме пред да излезе водата, за да ги спречиме губитоците. Со ГПС ќе ги лоцираме координатите на инсталациите, а набавивме и: локалтор за мерење на притисокот во водоводната мрежа кој податоците ги доставува до ГИС-системот, потоа одомер за мерење на должината на инсталациите, детектори за инсталациите, за метал, за ПТТ и за електро-опрема како и нивелир за изведување канализациона инсталација, објаснува Јанески.

Од претпријатието сметаат дека се најопремени на Балканот.

-Со сета опрема што е набавена сметам дека сме технички најопремени на Балканот. Ова дава можност да ги подобруваме услугитре спрема граѓаните. Благодетите се двократни: се подобрува квалитетот на услугите спрема граѓаните и со навремено лоцирање на дефектите, ги намалуваме губитоците на вода, а со тоа и трошоците на претпријатието. Со тоа, пак, ќе може да дејствуваме при формирањето на цената на водата што ја одредува Регулаторната комисија и може да издејствуваме да не растат цените на водните услуги, рече Јанески.

Целокупниот проект е околу 165 000 евра, од кои ГИС-системот со опремата чини околу 140 000 евра. Овие средства ги плаќа Јавното претпријатие, а понатаму, во висина од 85 насто  ги рефундира Европската унија преку проектот „Балкан медитераниан вотер енерџи сајкл“. Средствата од 15 насто ги покрива Министерството за локална самоуправа.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски смета дека најголема придобивка се бенефитите за граѓаните.

-Овој проект е за поздравува и се одвива е во неколку фази, а ова е завршната. Можностите што ги нуди овој ГИС-систем  ќе ги почуствуваат, најмногу,  граѓаните-корисници како и Јавното-комунално претпријатиое „Водовод и канализација“, рече Јованоски.

Прилепски „Водовод“ со најсофистицирана опрема за квалитетот на услугите