23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.10.2018


Ставови  

СТАВ: СЕ НАЅИРА ЛИ НОВИОТ ЕКОНОМСКИ КОНСЕНЗУС


Branko AzeskiБранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Скромните економски перформанси го забавија и го одложија процесот на конвергенција на Република Македонија кон нивото на животен стандард на земјите - членки на ЕУ. За илустрација, Република Македонија и Бугарија во 1998 година имале прилично исто ниво на доход по глава на жител, околу 28% од нивото на доход во ЕУ. Во 2017 година, доходот по глава на жител во Бугарија се приближил до 60% од доходот на ЕУ, додека доходот по глава на жител во Македонија останал на 35% од оној на ЕУ.

Впрочем, Република Македонија во последните две декади бележи релативно бавна развојна динамика со просечна стапка на раст од 2,7% во периодот 2001-2017 година, што споредено со земјите од регионот ја вбројува во групата на земји со прилично лоши економски резултати. На пример, просечната стапка на економски раст за истиот период во Албанија е 4%, Бугарија (3,7%), Србија (3%), Црна Гора (3%), Романија (4%), Словачка (4%), Естонија (4%), Полска (3,6%).
 
AmadeusДури и истражувањето што по барање на Стопанската комора на Македонија го спроведе тимот  на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, предводен од проф. д-р Владимир Глигоров, покажа дека би можеле да се надеваме да го достигнеме европскиот стандард за 30 години, ако имаме стапка на раст од најмалку 4% годишно, и тоа под претпоставка растот на ЕУ да биде 2 отсто, што значи дека идната генерација на граѓани би можеле да живеат со европски стандард.

Не постои магично стапче што може набрзина да ги смени овие состојби, и сите добро знаеме дека ова е тежок потфат, но клучот за подигнувањето на нивото на животниот стандард лежи во креирањето на нова економска развојна политика на државата. Првиот чекор во оваа насока го направивме пред десетина дена, на научната конференција во Охрид, кога на иста маса седнаа сите клучни чинители за  економската политика на државата (Владата на Република Македонија, научната, стручната јавност и бизнис-заедницата) и за втор пат во модерната економска историја на државата (после прашањето за монетарната политика), постигнат беше широк консензус дека модерната индустријализација и унапредувањето на извозната конкурентност на земјата мора да станат приоритети! И овие прашања да бидат клучните прашања на кои ќе се заснова економската политика на оваа и на секоја идна влада. Само на тој начин може да се надеваме да го достигнеме животниот стандард од земјите на ЕУ – а се надевам нема да мора да чекаме 30 години за тоа да се случи.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права