28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

ISO 45001

ISO 45001

Што е  ISO 45001?

Во услови на  вртоглавите пазарни промени, настанати пред се  поради брзиот развој на новите технологии,  know how  организацијата  претставува највреден ресурс (по истражување  спроведено од  страна  на Forbs магазинот, 85 % од вредноста на компанијата BMW не ја сочинува опремата и зградите, туку нивниот бренд и know how). Како клучен елемент  на секој know how, луѓето се денес  највредниот ресурс на компаниите. Заштитата  на овој највреден ресурс  е императив за секоја компанија , а посебно неговата  заштита од аспект на здравјето и безбедноста на  работното место.

Динамиката на работењето бара проактивен пристап кон заштитата на здравјето и безбедноста на вработените за време на работата, кој ќе ги идентификува евентуалните ризици, ќе ги отклони истите или со превентивното делување, ќе ја  намали веројатноста за нивната појава на прифатливо ниво. Бизнис глобализацијата  носи потреба од креирање  рамка  за формирање  на  систем за заштита, кој со верификација од страна на  овластени сертификациони тела, ќе биде меѓународно прифатлив, односно ќе  прати порака  на вработените, клиентите и бизнис партнерите од други поднебја, дека во компанијата се управува со ризиците по здравје и безбедност на вработените на ефикасен и меѓународно верификуван начин.

Токму со прашањата  за ова ефективно и ефикасно управување со ризиците по здравје и безбедност на вработените & заинтересираните страни, се бави стандардот  ISO 45001.

ISO 45001:2018 е систем за управување со безбедноста и здравјето при работа. Помага во управувањето со ризиците кои имаат влијание врз здравјето и безбедноста на вработените и посетителите (заинтересирани страни). Овој стандард ја  дефинира организационата  структура, планирањето на активности,  одговорностите, практиките, процедурите и ресурсите за развој, спроведувањето, остварувањето, разгледувањето и одржувањето на политиката на заштита на здравјето и безбедноста при работа.

Значење на ISO 45001

Со имплементацијата на овој стандард, компанијата се здобива  со доверба  на заинтересираните страни,  уверувајќи ги дека раководството   ги исполнува  барањата на политиката на безбедност и здравје при работа,  го става  акцентот на превентивното, а не на корективното делување, обезбедувајќи при тоа  докази кои се однесуваат на OHS&S низ целата организација,  а не само на процесите за кои постојат  законски обврски  или пак се зони на големи ризици. Посебно е важно уверувањето дека   концептот на OHS&S вклучува процес на континуирано подобрување.

ISO 45001 обезбедува заштита на вработените, овозможува систематски пристап кон идентификацијата на опасностите и преку управувањето  со ризиците придонесува за поздрава и посигурна работна средина, ги намалува несреќите и здравствените проблеми на работа, како и загубите предизвикани од болести и повреди на вработените. Овака транспарентен  и ефикасен систем за управување со  безбедноста и здравјето при работа, ја помага комуникацијата и соработката  со релевантни инспекции.

На  секое  работно место постојат одредени опасности/ризици по здравјето и безбедноста  на вработените.  Затоа е потребно систематски да се  следат и да се елиминираат сите потенцијални опасности/ризици.  Покрај тоа, надоместокот  во случај на повреди или болести предизвикани од несаканите  условите за/на работа,  се  големи и можат  финансиски  да ја оптеретат  компанијата.

http://www.mchamber.mk/upload/ISO-45001.jpg

Бенефит од воведен ISO 45001

Придобивките од имплементацијата  на ISO 45001  се:
      • ги  минимизира или целосно елиминира повредите на  работното место
      • обезбедува заштита од повреди на  вработените и посетителите
      • придонесува  за  подготвеноста  на компаниите  навремено  да ја отстранат заканата
      • ги ускладува  работните процеси на компанијата со  законот
      • ја подобрува целокупната слика за компанијата
      • овозможува привлекување на странски инвеститори
      • дава предност на локалните и меѓународните пазари
      • ги  намалува  трошоците  на компанијата
      • ги убедува  корисниците / клиентите  за посветеноста  во  управување со здравјето и  безбедноста, која  може да се докаже

Воведување/имплементација  на ISO 45001

Основа на овој систем е безбедноста на вработените на работното место,  која  се постигнува преку следниве чекори:
       - утврдувањe на исполнетоста на законската регулатива
       - одредување на контекстот на организација и дефинирање на интересите на заинтересираните страни
       - воспоставување  на политика и  цели за  OH&S
       - управување со ризици и можности
       - одредување на лидерските принципи
       - воспоставување комуникација
       - планирање, развивање и спроведување на системот за заштита  на здравјето на вработените
       - евалуација/ контрола/подобрување на OH&S

Имплементацијата  и сертификацијата  на  ISO 45001, ја  штити компанијата  од несакани трошоци, овозможува подобри договори со осигурителните компании, подобрување на односите со владата, ја  зголемува  продуктивноста на работниците преку  намалување на несреќите, а со самото тоа и  должината на боледувањето.

За време на сертификацијата, посебно внимание се посветува на определувањето на степенот на опасност на работното место и  воспоставувањето  заштитни мерки со цел негово  намалување или елиминирање.

За успешно функционирање на ISO 45001, а на тој начин и на  сертификацијата,  многу е  важна информираноста на  вработените за опасностите, нивното познавање за  заштитните  мерки и давањето прва помош. Компаниите  кои размислуваат однапред,  гледаат  подалеку од усогласувањето со  законската регулатива и завземаат  проактивен пристап во  идентификувањето, проценката, контролата и намалување на ризиците.



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права