28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

13.03.2018 - 13.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ


Еднодневен семинар на тема:

 БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

13 март 2018 година (вторник)
9:30 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Се` поголем број претпријатија денес користат cloud базирана инфраструктура – виртуелни ресурси кои како сервис се обезбедуваат преку Интернет. Концептот на Cloud computing нуди големи можности за заштеда на ИТ-трошоци, но работењето во Cloud носи и одредени ризици. Тие безбедносни ризици можат да бидат значајно помали доколку за себе го најдете правото cloud решение и грижата за тоа да ја доверите на докажани специјалисти од ИТ-сферата.

          Безбедноста како поим во својата основа подразбира расположливост (достапност на овластени лица), интегритет и сигурност. Безбедноста во cloud системите мора да ги исполни основните барања, но и некои специфични, како што се: безбедност на мрежата од злонамерни надворешни активности, безбедност на трансакциите внатре во дата центарот и помеѓу корисниците и дата центарот, безбедност на платформата односно софтверската апликација, заштита, чување и складирање податоци, согласности со регулативата и прописите.

          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 13 март 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ“.

Целта на семинарот е учесниците: 

• да ги научат основните видови Cloud услуги и нивните специфичности;
• да се запознаат со различните модели на безбедност на Cloud   системите;
• да се запознаат со безбедноста на Cloud инфраструктурата;
• да се запознаат на кои начини може да се користи криптографијата во   контрола на пристапот на Cloud средината;
• да се запознаат со сигурносно управување на Cloud средината.

ПРОГРАМА:

• Виртуелизација на компјутерите и компјутерските мрежи;
• Вовед во Cloud Computing;
• Сервиси на Cloud Computing (SaaS, PaaS, IaaS);
• Безбедност на инфраструктурата на сите нивоа:
  - Мрежно ниво (пристап, достапност); 
  - Хост ниво (SaaS, IaaS, Virtual Server); 
  - Апликативно ниво (SaaS, PaaS, IaaS);
• Безбедност на податоците и складирање на податоците;
• Управување со контролните пристапи во Cloud средина;
• Сигурно управување со Cloud средината.


Предавач:

- доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија;

Работен јазик за време на семинарот: српски јазик.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 8 март 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права