ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
21.05.2019
Семинар
COLD CALLING МЕТОДОЛОГИЈА - НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИЈА
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

COLD CALLING МЕТОДОЛОГИЈА - НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИЈА

21.5.2019 година
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Cold Calling техниките претставуваат предизвик за многу професионалци кои се занимаваат со продажба. Пoстојат различни начини за да се развијат нови можности како што се Cold Calling техниките или потрагата по нови купувачи. Cold Calling техниките создаваат можност за зголемени резултати, преку вистинска стратегија, обука и пракса. Овој еднодневен семинар за Cold Calling ќе ви даде знаење и вештини кои ви се потребни за да најдете квалитетни потенцијални клиенти.
          Во текот на предавањата, ќе откриете како брзо да го стекнете знаењето во однос на првичниот контакт, да ги примените докажаните техники на активно слушање, за да ги разберете потребите на клиентот и да направите ефективни продажни техники (соодветни реченици) кои ќе ви дадат можност да ја објасните вашата целосна понуда. Во текот на оваа интерактивна и практична обука ќе добиете конкретно знаење преку вежби за симулирани повици, така што ќе можете да ги примените своите нови вештини за работа веднаш по обуката.

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

- Предмет, цел и содржина на процесот на Cold Calling;
- Организациски техники и подготовка;
- Перцепција, разбирање и истражување пред реализација   на телефонски повик;
- Разбирање на потребата за остварување бизнис-преку-  телефон;
- Планирање пред повик и и оперативни информации;
- Преглед на социјалните медиуми;
- Креирање фокус група на потенцијални клиенти;
- Надминување на бариерите при Cold Calling;
- Креирање на документирана информација - упатство за   креирање на портфолио за секој потенцијален клиент;
- Активно слушање;
- Разбирање на претпоставките за продажба преку телефон;
- Закажување прв состанок;
- Управување на документацијата поврзана со отсуство од   работа;
- Приоритети во однос на прва селекција на потенцијални   клиенти;
- Креирање на релани услови за продажба преку Cold   Calling техники.

Програма на семинарот:


Дел 01/3:
- Предвидување на потенцијални клиенти;
- Идентификација на сценарија за Cold Calling;
- Принцип на флексибилно планирање во процес на   продажба;
- Што претставува вистинска мотивација за Cold Calling;
- Анализа на начинот на планирање на телефонски повик;;
- Процес на т.н. создавање на основна лојалност;
- Љубезност и емпатија;
- Задоволување на барањата;
- Закажување состанок;
- Неуспехот како статистичка информација.

Дел 02/3:
✓ Идентификација на сопственото знаење/вештини за cold calling продажба
✓ Креирање на т.н. извори за истражување:
  - Google;
  - www;
  - Social media и/или press-clipping;
  - Препорака/мислење;
  - Advertising/marketing на клиентот;
  - т.н. Активности на интернет од страна на клиентот.

Дел 03/3:
✓ Учење за организацијата и начинот на работа;
✓ Учење за главните процеси на клиентот:
  - Продажба, набавка, производство, финансии;
  - Идентификација на носители на процеси (вработени);
  - Креирање сценарио (е-пошта, social media, communication media, cold calling);
  - Консултација за и околу индустријата на клиентот;
✓ Професионален скептицизам;
✓ Течна мисла;
✓ Кондиција за слушање;
✓ Back-up решение на лице место;
✓ Јасно зборување;
✓ Умерено брзо зборување.


Целна група:

Раководителите и вработени во call центар, вработените во компаниите во сектор маркетинг, претпродажба, продажба, како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на ефективно и ефикасно продавање, да се информираат со последните актуелности и новини во рамките на Cold Calling техниките, како и извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на продажбата.

Предавач:

- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 16.5.2019 година. 


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје